КОЈ ЌЕ СЕ ВОЗИКА ВО НИВ: 3,5 милиони денари ќе „фрли“ Собранието за нови лимузини
Собранискиот претседател Талат Џафери ќе го подновува возниот парк со нови возила.
3,5 милиони денари или 60 илјади евра е сумата која Собранието ја издвојува за да купи четири нови возила а според договорот објавен на сајтот за јавни набавки ќе се набавуваат лимузини - хечбек на бензин.
Главен критериум според наведеното е најниска цена . Пред околу еден месец Собранието купи две лимузини седан, марка FORD Mondeo Trend, кои чинат 50.000 евра.
Слично
