КОЈ ЌЕ НАПЛАТИ 28 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВЕ ГОДИНИ ОД ДРЖАВНИТЕ ЕЛЕКТРАНИ - еве каков договор склучи „Гранит“ во конзорциум со бугарска и кумановска фирма
Нашата градежна компанија „Гранит“, заедно со една компанија од Бугарија и една кумановска фирма, ќе ги опреми со преносен цевковод и дистрибутивна мрежа државните електрани, односно за АД ЕСМ, за што ќе наплати дури 28 милиони евра, пари кои треба да ги земе во период од две години.
За ова „Гранит“ ја извести Берзата преку ценовно чувствителна информација.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
Конзорциумот РБА Термо составен од ГД Гранит АД Скопје, Рапид Билд ДОО Куманово и Атоменергоремонт АД Бугарија склучија договор со АД Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ ) за Набавка на договор - Цевководи за проектирање, снабдување и монтажа и тоа: Преносен цевковод и Дистрибутивна мрежа, вклучувајќи ги сите придружни цевки. Вредноста на договорот без пресметан ДДВ изнесува 27.796.524 евра за период од две години“, се вели во ценовно чувствителната информација што „Гранит“ ја испрати до инвеститорската јавност преку Македонската берза.
