Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе ја добие битката во Фершпед, почна трката за придобивање на малите акционери!

Кој ќе ја добие битката во Фершпед, почна трката за придобивање на малите акционери!
Се разгорува битката за превласт меѓу клучните играчи во Фершед – Кираца Трајковска и Штерјо Наков. Неофицијалните информации од извори од компанијата велат дека двата табори на свој начин се обидуваат да добијат контрола врз што е можно повеќе акции од помалите акционери. Според сознанијата добиени од еден од помалите акционери, таборот на Наков бара полномоштво врз акциите на вработените. Другиот табор, кој се врзува за Трајковска пак според шпекулациите нуди опција да ги откупи акциите на помалите акционери. Изминативе денови Фершпед повторно е фокусот на јавноста. А дека нешто се случува во оваа компанија наговестуваше и продажбата на пет отсто од капиталот на Фершпед што пред извесно време се случи на Македонската берза. Во битката за превласт во Фершед се вклучија и странските акционери Во отворената војна меѓу Кираца Трајковска и Штерјо Наков се вклучија и странските акционери од фондот Qwest Investments Plc. кои поседуваат поголем дел од акциите на компанијата. Странскиот Фонд, објаснува дека стои зад барањето за вонредно собрание и ги повикува сите акционерид а земата активно учество. „Во тој контекст ги охрабруваме и ги повикуваме сите акционери на „Фершпед“ А.Д. Скопје да земат лично учество на претстојното собрание на акционери и да гласаат по своја волја и убедување, а не под притисоци и закани. Истовремено ги повикуваме надлежните институции да преземат, согласно своите овластувања, мерки за заштита на капиталот на акционерите, како и на компанијата и доколку се покажат вистинити наводите за незаконски дејствија на раководниот тим, истите да бидат санкционирани. Дополнително од инвестицискиот фонд, посчочуваат дека се во сериозни преговори со голема компанија која има намера да влезе на македонскиот пазар во овој сегмент и да инвестира голем износ финансиски средства. Штерјо Наков: Фершед работи законски Откако Кираца Трајковска, еден од поголемите акционери во компанијата облодени дека постои нетрпеливост, но и дека има несогласувања околу начинот на кој се менаџира компанијата, Штерјо Наков преку писмено соопштение до берзата возврати дека компанијата работи законски. А вонредното акционерско собрание кое го побарала Кираца Трајковска ќе биде закажано согласно сите процедури. „И во досегашната пракса на закажување и одржување на седници на собрание на акционери, секогаш се пристапувало на начин кој процедурално го пропишува законот, а самите акционери доброволно и по сопствено убедување ги остварувале своите акционерски права. Така, акционерските собранија во досегашното свое работење бележат перманентен успех во одржувањето без ниту еден проблем , на општо задоволство“, стои во писменото соопштение на Наков. Во согласност со одредбите од законот и статутот на друштвото, веднаш е пристапено кон припрема на седницата на собранието. Објавата за одржување на седницата на вонредното собрание на акционери заедно со дневниот ред ќе биде направена кога за тоа ќе бидат добиени предлози од акционерот кој е иницијатор за свикување на вонредната седница. „Се повикуваат акционерите на компанијата на единство и заедништво, поддршка на деловните активности и одлуки кои како и досега ја носеле компанијата само кон најуспешните во земјава и надвор од неа“, стои во писменото соопштение на Наков. Кираца Трајковска обвини за незаконско работење во Фершед Претходно пак Кираца Трајковска обелодени дека таа побарала вонредно акционерско собрание поради начинот на кој се менаџира компанијата. Но, проблемот излезе во јавноста откако Трајковска соопшти дека веднаш кога било побарано вонредното акционерско собрание, луѓето на Штерјо Наков почнале да в ршат притисоци врз помалиоте акционери а та била спречена да велзе во просториите на компнијата каде се потпишувале бланко изјави под притисок. Токму поради тоа Трајковска јавно посчочи и дека го пријавила Наков во полиција. „По јавување на поедини акционери дека и денес (на 01.12.2013 во недела) им се прави притисок да дојдат во седиштето на Фершпед АД за да потпишуваат бланко полномошна, отидов да направам увид, но ми беше забранет влез во службените простории, објаснува Трајковска и додава дека притисокот го прават на начин што со различни закани и дезинформирања ги принудуваат споменатите акционери да потпишуваат бланко полномошна за застапување на нивни интереси на вонредното Собрание на акционери, за кое не е закажано ниту место, ниту време на одржување, ниту постои јавна објава со дневен ред“, изјави Трајковска. Н.С.
Слично

Поврзани вести