КОЈ ЌЕ ГО СОВЕТУВА ПРЕМИЕРОТ: За 13 позиции – 500 кандидати!
Навала на апликации за вработување во премиерскиот кабиент. По јулскиот оглас преку кој Владата обајви дека бара 13 советници од различни области, кои ќе бидата дел од советничкиот тим на владиониот кабинет, интересот е голем, велат од Владата.
“Во однос на повикот за пројавување интерес за ангажирање на лица за советници на Премиерот, можам да информирам дека е во тек процедурата на селекција на кандидатите за сите објавени позиции, и тоа во фазата на вршење на интервјуа со пријавените кандидати.“ - изјави за Фактор владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Новиот советнички тим на премиерот Груевски, како што претходно беше објавено, птреба да биде во функција на проширување на човечкиот потенцијал, а со цел да се реализира владината програмата за периодoт 2014-2019. Според објавениот оглас, се бараа 13 советници. Според информации на Фактор изборот на советниците е во завршна фаза, а не е исклучено дека некои од позициите веќе се пополнети со нови имиња.
Портапролот вели дека интерсот за советничките позиции е голем, односно дека до сега има повеќе од 500 апликации. Поради големиот наплив на апликации, најверојатно изборот на конечната “тринаеска“ ќе се случи во следните неколку месеци.
“Има над 500 апликанти за овие 13 советнички позиции. Интервјуата со кандидатите ги вршат носители на високи позиции во Владата, министри, директори и слично, кои покрај оваа имаат и друга активност во поглед на работата во своите ресори, и затоа се чини веројатно дека селектирањето на кандидатите ќе трае во текот на следните неколку месеци.“Преку јавниот повик, кој беше објавен во јули, се бараат советници за следниве сектори: политички прашања, за европски интеграции, за надворешни работи, за животна средина, за рударство и минерални суровини, за култура, за економија, претприемништво, индустрија и иновации, за земјоделство, за правосудство и администрација, за енергетика, за транспорт и врски, за информациони технологии и телекомуникации и за локална самоуправа. Во меѓувреме, дел од институциите и министрествата добија нови директори и раководители, но за дел постапката се уште е во тек. Од Владата информираа дека процесот на селекција на кандидатите за некои од институциите. Избор е направен и на неколку нови амбасадори.
“За некои од позициите веќе се избрании или пак именувани лица како што се раководните органи на спортскиот центар Борис Трајковски, Златко Перински, на Агенцијата за лекови, Марија Дарковска-Серафимовска, државниот секретар во Министерството за финансии, Игор Димитров, државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска-Гуговска, државен секретар во МНР Елена Кузмановска, државен секретар во Министерство за транспорт и врски Владо Мисајловски, државен секретар во Министерството за економија Анета Димовска, во МОН Елизабета Тодоровска.“ - изјави Ѓорѓиев за “Фактор“.Ѓорѓиев вели дека веќе е направен избор и на неколку нови амбасадори, но имињата не ги соопштува со образложение дека треба да се запази дипломатската практика на доверливост до моментот на добивање на агреманите за нив. Владиниот оглас за вработување беше објавен на 27 јуни. Преку него се бараа лица и за раководни и за нераководни позиции. Како таргетирани сектори и области беа посочени странски инветиции, поддршка на домашната економија, човечки ресурси, протокол и право. Како услови кои беа посочени во огласот се квалитет, способност, но и како што пишуваше “кандидатите да веруваат во себе и да ценат дека можат да придонесат во реализација на реформите и владините политики и проекти“. На самиот почеток од огласот беше оценето дека најголем интерес има за различните раководни и нерководни позиции но и за советници во повеќе области, како дел од Кабинетот на премиерот Груевски. На завршница е и изборот на прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство со која сега раководи Дејан Рунтевски.
“Мандатот на актуелниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски, истекува на 1.1.2015 година. Оваа позиција беше содржана во јавните повици за пројавување на интерес за ангажирање на лица на раководни позиции кои беа објавени оваа година, и самиот процес на селекција е во завршна фаза“, информира Ѓорѓиев.За Рунтевски во јавноста се шпекулираше дека од директорска ќе замине на амбасадорска функција. Р.Ф.
Слично
