Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе го купи Телеком Словенија, а со тоа и македонски ОНЕ?

Кој ќе го купи Телеком Словенија, а со тоа и македонски ОНЕ?
Осум необврзувачи понуди стигнале за преземање на словенечкиот телекомуникациски гигант - Телеком Словенија, кој е сопственик и на македонскиот оператор ОНЕ. Според словенечките медиуми, свои понуди доставиле: руски MTS, турски Turkcell и германски Deutsche Telekom, како и финасиските фондови Apollo Global Management, Cinven, CVC Capital Partners, PPF Group, Apax, Bain Capital in Providence Equity Partners. Иако се најавуваше како фаворит, сепак понудата на Deutsche Telekom не е највисока. Највисоката понуда всушност ја дал фондот Bain Capital in Providence Equity Partners, и таа се движи меѓу 150 и 160 евра по акција, додека германската компанија понудила 140 евра по акција. Државата очекува на крајот акциите во Телеком Словенија да достигнат цена од околу 200 евра по акција. Длабинскиот преглед на словенечката компанија од страна на заинтересираните треба да започне уште оваа недела, а обврзувачките понуди треба да бидат доставени во втората половина на јули. Стратешкиот инвеститор би требало да биде одбран на есен. Ако тоа сепак е Deutsche Telekom, тоа ќе предизвика силна концентрација на македонскиот пазар, каде што оваа компанија веќе е сопственик на Македонски телеком. Сепак, словенечката премиерка во заминување Аленка Братушек најави можно сопирање на приватизациските постапки на сите државни компании кои се во постапка на продажба се додека не биде формирана новата влада по изборите на 13 јули. Формирање на нова влада не се очекува пред септември.    
Слично

Поврзани вести