Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе го купи „Телеком Словенија“?

Кој ќе го купи „Телеком Словенија“?
Германски „Дојче телеком“, норвешката компанија „Теленор“ и инвестициските фондови „Цинвен“ и „Провиденс“ се споменуваат како најсериозни кандидати за купување на 3/4 од сопственичкиот удел во „Телеком Словенија“. Синоќа истече крајниот рок за доставување на понуди за купување пакетот од 4,75 милиони акции или 72,75 отсто од вкупниот број хартии од вредност на словенечкиот национален телекомуникациски оператор, кој е во сопственост на државата преку инвестицискиот фонд КАД и осигурителните друштво „Триглав“ и „Сава“. Се проценува дека „Телеком Словеније“ во моментов вреди меѓу 950 милиони и 1,2 милијарди евра. Компанијата е сопственик и на македонскиот оператор „Оне“. Ситуацијата може да се искомплицира ако биде избрана понуда на „Дојче телеком“, бидејќи на тој начин оваа компанија, која е сопственик и на Македонски телеком ќе има монополски доминатна позиција на пазарот и ќе мора да се откаже од еден од двата македонски оператори.    
Слично

Поврзани вести