Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе биде нов застапник на BMW во Македонија?

Кој ќе биде нов застапник на BMW во Македонија?
Неофицијално, трката за нов дистрибутер на BMW, Mini и Land Rover е веќе започната. Како најсериозен конкурент се споменува Аутомакедонија, фирмата која веќе ги застапува брендовите Opel и Chevrolet. Од компанијата засега нема ниту потврда ниту демант на овие информации. Фактор се обиде да дознае дали има вистина во ваквите шпекулации и колку далеку се отидени преговорите за преземање на брендот, но досега не доби одговор на овие прашања. Но, во трка наводно се и компании од соседна Србија, кои заедно со српскиот би го покривале и македонскиот пазар. Меѓу нив се споменува името на „Делта моторс“, актуелниот застапник на овој бренд за Белград. Сепак, податоците за автомобилскиот бизнис во земјава не се ни малку розови. Ланскиот тренд на намалување на продажбата на нови автомобили продолжи и на стартот од оваа година. Податоците покажуваат дека на месечно ниво бројката на продадени нови автомобили се намалува. Така ако во мај 2013-та година се продале 323 автомобили, истиот месец оваа година се продадени 300 автомобили, или за 7,12 отсто помалку. Споредено со првите пет месеци од годината, лани од јануари до мај се продадени 1.625 нови автомобили, а истиот период оваа година 1.399 автомобили , односно за 13,91 отсто помалку. Автомобилскиот бизнис во криза, BMW си замина поради слабата продажба? Билјана Арсовска
Слично

Поврзани вести