Кој ќе заработи од “економијата на средната класа” на Обама?
Американскиот претседател Барак Обама, тврди дека е заштитник на средната класа. Тој дури измисли и нов термин - "економија на средната класа" и најави голем број планови кои според него ќе им помогнат на овие семејства да се справат подобро. За да плати за тоа, тој ќе ги зголеми даноците на богатите.
Дури и да претпоставиме дека тоа е добра идеја, не сите во средната класа ќе имаат корист од "економијата на средната класа". Таа е главно насочена кон брачни двојки и родителите на мали деца.
"Многу луѓе во средната класа нема да добијат никаква корист од предлогот на претседателот", вели Роберт Вилијамс, истражувач во Центарот за даночна политика (Tax Policy Center, TPC). "Меѓу средната класа, тоа е насочено кон луѓето со деца и дополнителни членови на домаќинството. Практично ниту еден член на средната класа без деца нема да добие ништо ".
Белата куќа и некои либерални (во САД либералите се левонаклонети, во близина на социјалистите ) како политички групи сметаат дека методологијата на TPC погрешно ги предвиде некои влијателни Американци како членови на средната класа.
Тешко е да се пресмета како даночната реформа би помогнала навистина на средната класа, кога просечните вредности можат да се лажни. Многу луѓе од двете страни на политичкиот спектар ја нападнаа неодамна објавената анализа на TPC. Анализата покажува дека луѓето со редовни приходи во САД, кои заработуваат меѓу 49 000 и 84 000 долари годишно ќе треба да плаќаат во просек по 7 долари повеќе даноци.
Извор: CNN
Графиконот покажува дека 25% од средната класа во САД ќе биде фаворизирана од намалувањето на даноците.
При дополнителен поглед се гледа дека TPC додадава во просек 19 долари на сметката на сите во оваа категорија. Причината е данокот на банките, кој на крајот ќе биде превземен од сите американски даночни обврзници.
Друга слика се добива кога ќе се погледне врз индивидуалните даночни промени. Тие вклучуваат кредити за вработените парови и продолжување на даночниот кредит за грижа за децата.
Затоа даночните обврзници со деца ќе имаат најголем профит од новиот претседателски мандат. Речиси 51% од припадниците во средната класа со деца ќе добијат намалување на даноците. Тие ќе добијат во просек 329 долари попуст.
Околу 45 отсто од женетите кои имаат пуштено даночна пријава заедно ќе добијат даночен попуст. Оваа група ќе добие намалување на даноците во просек за околу 200 долари.
Многу помалку даночни обврзници од средната класа, кои се сами или возрасни ќе добијат попуст според планот на Обама.
Едвај 12,5% од неженетите даночни обврзници ќе имаат корист од намалувањето на даноците. Генерално оваа група ќе има 61 долари зголемување на даноците. Речиси 7% од неженетите луѓе од средната класа ќе имаат зголемување на даноците и тоа го менува просекот.
Меѓу возрасните само 10% ќе уживаат во задоволството да дадат помалку пари на државата. Но, бидејќи голем дел од оваа група спаѓа под дејство на друг предлог на претседателот, кој бара сопствениците на имот да плаќаат капитални добивки врз вредните средства, тие ќе плаќаат во просек за 152 долари повеќе даноци.
Општо земено еден од четири даночни обврзници од средната класа ќе има корист од намалувањето на даноците, покажува анализата на TPC.
Директорот за менаџмент и буџет на канцеларијата на Белата куќа Шон Донован и некои левичарски групи сметаат дека Tax Policy Center го прецени зголемувањето на даноците на средната класа.
TPC не ги зема во предвид нереализираните капитални добивки во своето рангирање по приходи, тврди Центарот за буџет и политички приоритети (Center on Budget and Policy Priorities). Значи луѓе со скромни примања, но значителни средства се сметаат за средна класа. Многу мал дел од овие даночни обврзници ќе претрпат сериозен удар од предложените имотни даноци на капитални добивки што го менува просекот.
Донован ја наведува анализата на Министерството за финансии, која покажува дека меѓу една четвртина и една третина од семејствата со приходи меѓу 50 000 и 75 000 долари годишно ќе почуствуваат промена во даноците. Нивните даноци ќе бидат намалени за меѓу 450 и 570 долари во просек.
Што се однесува до богатите, претседателот ја постигна својата цел да им ги зголеми даноците. Над три четвртини од најбогатиот 1% ќе доживее зголемување на даноците во просек за 34 500 долари годишно. Над 90% од најбогатите 0,1 отсто ќе имаат зголемување на даноците во просек со 167 250 долари годишно.
К.К.

Слично