КОЈ ЌЕ ПЛАЌА? Парични казни за пропуштениот пиштол на Мијалков
Истрагата за случајот со пиштолот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалко и незабележаното минување на македонскиот аеродром заврши со парични казни.
Казни ќе треба да платат ТАВ, одговорни лица од врвот на компанијата, како и неколкумина пониско вработени.
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Горан Јандреовски потврдил дека истрагата за случајот е завршена и дека казните се определени според закон кој предвидува парични казни за вакви грешки.
Мијалков на 15 октомври беше приведен на аеродромот во Белград затоа што во торбата му беше најден пиштол. Тој тврдеше дека тоа му е пиштол со дозвола кој, пред да тргне на пат заборавил да го извади од торбата.
Слично
