Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе одговара за тајната фабрика за пасоши и лични карти?

Кој ќе одговара за тајната фабрика за пасоши и лични карти?
Кој и дали некој воопшто ќе одговара за аферата „тајна фабрика за пасоши и лични карти“ која ја отвори неделникот „Фокус“? Откако вчера ЈО излезе со став дека е разоткриена аферата многумина помислија дека нешто крупно навистина се случува. ЈО изнесе тврдење дека во домовите на три лица, сите три од Скопје се пронајдени различни елементи што упатуваат на заклучокот дека тие ја имале работилницата за лажни лични карти. Пронајдени се обрасци, сечачи за хартија и слична опрема и апаратура која се користела за изработка на фалсификуваните лични карти но на други други документи. Сепак, ЈО не излезе со најважните детали, за која цел и намена биле правени личните карти, дали за избори, и ако е за избори во цел на која политичка гарнитура. Ако се следат настаните и изјавите се добива впечаток дека партијата на власт покажа своевидно задоволство во целата работа. Премиерот Никола Груевски  изјави дека за него оваа информација била фрапантна и најави повеќе информации за аферата во наредните денови. „Она што го слушнав е навистина фрапантно. Во наредните час два ќе имам повеќе информации. Би им честитал на професионалците во ЈО и МВР за тоа, и апелирам до Меѓународната заедница одблизу да го следи случајот” – рече Груевски. МВР и министерот Спасовски речиси цел ден не излегоа со никаква информација. Дури вечерта МВР се јави со соопштение со техничките детали за акцијата. Од друга страна зачудува фактот што сите приведени биле пуштени на слобода. Само еден бил задржан, но за доодслуживање стара казна затвор. Значи ли пуштањето на слобода на овие луѓе за кои ЈО тврди дека се главните фалсификатори, дека всушност за нив нема доволно докази? „Ако навистина акцијата е успешна, а фабриката откриена тогаш зошто никој не е во притвор? Знаеме обвинителството за колку помали кривични дела ја предложило мерката, но не и овој пат. Ако навистина лицата се фалсификаторите, тогаш зошто не се изведени пред судија на претходна постапка“ напиша Фокус.
Слично

Поврзани вести