Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе го замени вицепремиерот Ставрески?

Кој ќе го замени вицепремиерот Ставрески?

Пред малку минисетерот и вицепремиер Зоран Ставрески се повлече од функцијата на која дојде во 2009-та година.

Како што образложува, Ставрески се повлекува од функцијата поради здравствени причини.

– Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, заради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата министер за финансии и потпретседател на владата на Република Македонија”, наведува Зоран Ставрески во оставката.

МИА дознава дека на позицијата нов министер за финансии премиерот Димитриев ќе го предложи  актуелниот директор на Управата за јавни приходи Кирил Миновски.

Тој има плодно 17-годишно искуство во областа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси. Дополнително поседува 13-годишно искуство во работењето на една од водечките светски консултантски компании Booz Allen Hamilton во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење/развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно опкружување.

Миновски поседува и искуствo во работа на државните институции. Пред раководењето на Управата за јавни приходи, тој во периодот мај 2014 – ноември 2015 беше прв човек и на Државниот пазарен инспекторат.

Претходно бил ангажиран како менаџер на компоненeнти во рамките на УСАИД, како и повеќе други проекти од оваа организација, поврзани со подобрување на конкурентноста, извозот, банкарскиот сектор.

Слично

Поврзани вести