КОЈ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ БАН КИ МУН: Керим на четврто место-кој е пред него?
Бугарскиот кандидат за функцијата генерален секретар на ОН Ирина Бокова го зазела третото место во прелиминарното гласање одржано во Советот за безбедност на меѓународната организација.
Досега претставник на Источна Европа не заземал ниту едно место. Од регионот на листата се 11 кандидати, кои добија различни проценки при гласањето.
Второто место го освоил Данило Турк од Словенија при првата фаза на гласањето. Кандидатите на Македонија и Србија, исто така се наредија во предните позиции на листата. На дното останаа претендентите на Црна Гора, Молдавија и Хрватска.
Според резултатите на Ројтерс, Бугарката Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО, ги исфрлила бившиот министер за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ и бившиот македонски министер за надворешни работи, Срѓан Керим, кои го делат четвртото место во трката за замена на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, чиј втор мандат истекува на 31 декември.
Повеќе од 50 држави во ОН вршат притисок оваа година за генерален секретар на ОН да биде избрана жена. Покрај Бугарија, кандидати од понежниот пол имаат Костарика, Аргентина и Нов Зеланд.
Во тајното гласање Бокова го добила глас "за" генерален секретар на ОН. Фаворит за функцијата е поранешниот премиер на Португалија Антониу Гутериш со 3 гласа повеќе.
