Кој ќе го изгради најголемиот трговски на Балканот?
Собранието на градот Требиње одлучи да продаде 60.000 метри квадратни на подрачјето на Гомилан.
Земјиштето се наоѓа југозападно од „Градот на сонцето“, продадено е по пат на лицитација, а како што пренесува радио Требиње на ова место ќе се гради голем трговски центар.
Градоначалникот Славко Вучуревиќ претходно изјави дека руски инвеститор е заинтересиран да гради голем трговски центар вреден 10 до 12 милиони км. Овој објект ќе биде најголем од ваков тип во овој дел од Балканот.
Најавата за изградба на овој центар стигна седум дена откако беше соопштено дека инвеститори од Кувајт ќе градат најголем аутлет во регионот. На површина од 57.000 квадрати во општина Илијаш ќе биде изграден аутлет. Во него ќе има 97 објекти и многу познати брендови ќе се нудат по поволни цени.
