Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе ги влече економските конци во 2015?

Кој ќе ги влече економските конци во 2015?
Во 2015 година, според прогнозите на ММФ се очекува опоравување и раст на глобалната економија од 3,8 одсто, во споредба со минатогодишните 3,3%. Светските аналитичари проценуваат дека глобалниот раст ќе го предводат Кина и САД, додека еврозоната ќе стане болна точка со минимален раст од 0,8 одсто. Кинеската економија во оваа година ќе го забави растот од минатогодишните 7,3 на 7,1 одсто, бидејќи ќе се сврти кон поголема внатрешна потршувачка, на сметка на инвестициите, додека Јапонија падна во рецесија и прогнозите во 2015 се дека опоравувањето на БДП ќе биде највисоки 0,8 одсто, сметаат аналитичарите. Една од причините за опораување на глобалната економија е ниската цена на нафтата, која е преполовена од летото минатата година, така да аналитичарите очекуваат дека таа ќе се задржи на тоа ниво во 2015 и ќе го поттикне растот во повеќето земји, бидејќи потрошувачите ќе може повеќе пари да издвојат за други работи, додека за компаниите тоа значи помалку трошкови за работење.
Ниската цена на нафтата би можела да им помогне на економиите во ЕУ и Јапонија да одржат минимален раст на БДП.
Според проценките на аналитичарите на Економист магазин, Кина е и понатаму најголемиот нето извозник на директни странски инвестиции во светот и нејзиниот јуан би можел да му се придружи на клубот избрани земји кои претендираат да бидат сопственици на светската резервна валута.
Забавувањето на кинеската економија, според оценките на светскит аналитичари, би можело да влиаје на остатокот на светот двократно: прво, извозот во Кина би ослабнал и тоа би влијаело на земјите како што се Германија, бидејќи би паднала побарувачката за алатни машини неопходни за индустриската експанзија во Кина и за сировини како оние од Австралија.
Забавувањето на кинеската економија во 2015 ќе ги обедини произведувачите на нафта да ја одржат ниската цена на „црното злато“ и во оваа година. Второ, според очекувањето на аналитичарите, Кина ќе извезува дефлација во остатокот од светот, бидејќи цената на услугите од Кина веќа паѓаат и тој тренд ќе продолжи.
САД и Европа ќе бидат преплавени со ефтина кинеска услуга и тоа во случај на еврозоната, може да доведе и до дефлација.Аналитичарите на инвестиционата банка ЈП Морган Чејс и ИХС Глобал Инсајт , сметаат дека САД во 2015 ќе имаат највисок раст во изминатата деценија од 3,1 одсто.  Забрзувањето на растот на американската економија е клучна причина зошто аналитичарите очекуваат глобалната економија да расте брзо, на околу три одсто, во однос на 2,5 одсто во 2014 година.Со таа прогноза се согласува и ММФ.
Во оваа година се очекува зајакнување на пазарот на недвижности во САД и инвестициите и на тоа аналитичарите ќе засноваат своите прогнози за опоравување на американската економија.
Аналитичарите, меѓутоа предупредуваат дека Федералните резерви, веројатно ќе ја подигнат каматната стапка на долар, која за прв пат во изминатите шест години е близу до нула.Германски Дојче Веле ги пренесува проценките на европските аналитичари дека еврозоната повторно ќе постане болна точка на светската економија, бидејќи во 2015 се предвидува минимален економски раст од речиси 0,8 одсто.Битката на Европската централна банка против дефлацијата ќе продолжи и во оваа 2015 година во опкружување каде се очекува минимален раст на економијата, ниска цена на нафтата на светскиот пазар и во атмосферата на општиот недостаток на инфлаторни притисоци.
Според прогнозите на Бундес банка, германската економија во 2015 година ќе има раст само од еден процент.Британски Гардијан смета дека светската економија во 2015 година ќе се најде на раскрсница , бидејќи единствената патека ќе води кон опоравување доколку цената на нафтата на светскиот пазат остане ниска, што ќе поттикне потрошувачка и инвестиции.Другата патека може да води назад кон рецесија, бидејќи се очекува финансиската криза да избие на пазарите во развој, а во неволји може да се најде и еврозоната поради Грција која може да предизвика нестабилност.
Според проценките на аналитичарите на Гардијан, руската економија ќе се најде пред длабока рецесија во 2015 годинам дури и пред драматичниот пад на рубљата.Длабочината на тој пад зависи од тоа што ќе се случува со цената на нафтата и колку ќе бидат силни „ножиците“ на економските санкции на Западот кон Русија, пишува Гардијан.
Слично

Поврзани вести