Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе биде наследник на Сашо Мијалков?

Кој ќе биде наследник на Сашо Мијалков?

Поминаа повеќе од десет дена откако директорот на УБК, Сашо Мијалков заедно со поранешната министерка за надворешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски си поднесе оставка.

Според информациите кои ги пренесуваат дел од медиумите се дека на утрешната владина седница ќе биде усвоена оставката на Мијалков, а на седницата Владата ќе одлучува кој ќе го замени и новиот директор на Бирото за јавна безбедност, откако Митко Чавков застана на чело на МВР.

Неофицијално пак дел од медиумите, веќе ги објавуваат наследниците и на Мијалков и на Чавков.  За бирото за јавна безбедност најмногу се споменува Горанчо Савевски, началник на СВР Скопје. А, за прв човек на тајната полиција, се споменуваaт имињата на Тони Јакимовски - шеф на кабинетот во УБК  и Горан Грујевски - началник на т.н. Петта управа, која е задолжена за следење на комуникациите, а за кој опозициската СДСМ поднесе кривична пријава за неовластено прислушување.
Додека во јавноста се шпекулира дека оставката на Мијалков може воопшто да не биде прифатена, а во таа насока одат и барањата на поддржувачите на владејачката гарнитура.

Слично

Поврзани вести