Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ја „ѕида“ акцијата на „Гранит“?

Кој ја „ѕида“ акцијата на „Гранит“?
Дали ова се прави за публика? Да се привлече внимание? Веројатноста постои и не е толку мала. Зошто? „Гранит“ е најпопуларна акција во моментот затоа што нејзината цена, во апсолутен износ, е многу пониска од цените на другите блу-чип акции. Има голема и ситна акционерска структура во која , без да сакаме да навредиме некого, има и ниско квалификувана и многубројна акционерска структура која поседува значаен дел од акциите. Дали со ова што се случува деновиве некој можеби сака да го сврти вниманието на големите поединечни акционери или менаџери во „Гранит“? Засега не знаеме, но наскоро ќе видиме. Тоа зависи од стратегијата и финансиската моќ и кондиција на маркет мејкерот што деновиве прави берзанска претстава и го „ѕида“ Гранит. Акцијата на „Гранит“, една од трите најбарани блу-чип акции на Македонската берза забележа солиден раст на цената во последниве девет трговски дена (две трговски недели). „Гранит“ во средата постигна нова рекордна годишна цена достигнувајќи ценовно ниво од 566 денари за акција што е втора во низа највисока годишна цена постигната во рок од само неколку трговски дена. Многу инвеститори се прашуваат: кој ја ѕида цената на „Гранит“? Засега одговор нема и тоа остава простор за многу шпекулации. Факт е дека интересот за таа акција значајно порасна особено завчера (четврток 9.10.2014 година) кога беа истргувани 6.168 акции од таа компанија. Токму вчера акцијата на „Гранит“ се тргуваше во количина која е за 35 отсто повисока од агрегатот на количини од таа акција истргувани во претходните осум трговски дена. Завчера, веројатно, во недостиг на официјални информации остануваме во дилема дали се случи нешто значајно со таа акција, макар од аспект на условите и обемот на тргување кои постојат на нашиот пазар на капитал, или се беше само за публика. „Гранит“ е посакувана акција и тоа на ценовно ниво од околу 550 денари за акција. Дополнително ќе видиме кој или кои се продавачите и колку се купувачи. Можно е да биде ист брокерај и на продажна и на куповна страна. Се случувало... Зошто акцијата на „Гранит“ порасна за 115 денари во период од 9 трговски дена, од 451 денар на 566 денари, дополнително ќе видиме. Засега нема одговор на тоа прашање. Од аспект на соодносот пазарна цена и книговодствена вредност таа акција е атрактивна затоа што книговодствената вредност е двојно повисока од нејзината актуелна пазарна цена. Но ако се спореди со дивидендата што ја носи таа акција во последните две години: 2012 и 2013  и не е така. Преклани дивидендата беше 12 денари, а лани беше 16 денари за акција. Тоа сигурно не е е индикатор што ќе биде пресуден за некој портфолио-менаџер или маркет мејкер да одлучи дека е стратешки продуктивно да се вложи во акција и тоа во моменти кога ланската дивиденда е помалку од 3 отсто од просечната пазарна цена на таа акција. Па за таков принос, во најлош случај, парите можат да лежат и во орочен депозит во која било домашна деловна банка. Дали ова се прави за публика? Да се привлече внимание? Веројатноста постои и не е толку мала. Зошто? Едноставно затоа што „Гранит“ е најпопуларна акција во моментот затоа што нејзината цена, во апсолутен износ, е многу пониска од цените на другите блу-чип акции. Второ затоа што има голема и ситна акционерска структура и затоа што , без да сакаме да навредиме некого, има и ниско квалификувана и многубројна акционерска структура која поседува значаен дел од акциите. Дали со ова што се случува деновиве некој можеби сака да го сврти вниманието на големите поединечни акционери или менаџери во „Гранит“? Засега не знаеме, но наскоро ќе видиме. Тоа зависи од стратегијата и финансиската моќ и кондиција на маркет мејкерот што деновиве прави берзанска претстава и го „ѕида“ Гранит. Да уживаме во претставата, ние сме само гледачи... Р.Ф.
Слично

Поврзани вести