Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој инвеститор во Струга ќе истури три милиони евра за козметичка фабрика

Кој инвеститор во Струга ќе истури три милиони евра за козметичка фабрика

Три милиони евра е сумата за инвестиција во ТИРЗ помеѓу Охрид и Струга која доаѓа од американската компанија  „Reci & Sons Enterprise“.

Компанијата која работи во делот на козметиката во земјава предвидува да вработи 250 лица на старт, а таа бројка треба да расте до 700.

Според инвеститорот Арбнор Речи производите за лична хигиена што ќе се произведуваат овде, освен во Европа очекува да се извезуваат и низ целиот свет. 

Според него тоа е можност младите да останат дома и да не бараат работа по странските ветени земји.

„Оваа инвестиција е можност Македонија да задржи голем дел од младите кои бараат подобар живот“ , посочил Арбнор Речи.

Инвестицијата на „Reci & Sons Enterprise“ е десета американска во Македонија  и е инвестиција на прв иселеник од дијаспората.

Слично

Поврзани вести