Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koj има бенефит од зголемувањето на цената на бакарот?

Koj има бенефит од зголемувањето на цената на бакарот?

Зголемувањето на цената на бакарот е можност за извозниците, но и предизвик за економијата. 

Скокот на цената на овој метал би можел да им користи на српските извозници, но конечниот ефект ќе зависи од трговските мерки на ЕУ и примената на механизмите што можат да влијаат на конкурентноста на домашните производители, пренесува Политика.рс.

Цената на бакарот неодамна забележа остар раст од 11 проценти, достигнувајќи рекордни 14.527 долари за тон на светскиот пазар. Овој ненадеен скок ги стави трговците во дилема дали да продолжат да купуваат и да го следат трендот на раст, кој, според агенцијата Ројтерс, во голема мера беше поттикнат од шпекулациите на берзата. Ова е најголемото еднодневно зголемување на цената на бакарот на Лондонската берза за метали (LME) од ноември 2008 година. Континуираното зголемување на цената на овој важен метал на светскиот пазар во последните месеци го привлече вниманието на економската јавност и го поставува прашањето како овој тренд ќе влијае на домашната економија. Економистот Иван Николиќ од Србија наведува дека цената на бакарот се зголемила за околу 41 процент на годишно ниво, додека во последните шест месеци растот изнесувал околу 30 проценти.

„Само во претходниот месец, на светско ниво е забележано зголемување на цените од 5,5 проценти, со дневни флуктуации на берзите. Зголемувањето на цената би можело да им користи на српските извозници, но конечниот ефект ќе зависи од трговските мерки на Европската Унија и примената на механизмите што можат да влијаат на конкурентноста на домашните производители. Големите компании што се занимаваат со експлоатација и извоз на бакар, како што е кинеската компанија „Циѓин“, имаат посебен профит, додека во исто време во ЕУ се разгледува воведувањето построги квоти за увоз на металот. Нивната одлука сè уште е во фаза на разгледување и е поместена за крајот на февруари“, потсетува Николиќ и истакнува дека цената на бакарот е под влијание на бројни глобални фактори - од развојот на новите технологии и телекомуникациите, преку логистичките проблеми и синџирите на снабдување, до политичките тензии меѓу големите економски сили. 

Сите овие елементи, како што наведува тој, внесуваат неизвесност и ризик, што директно се одразува на пазарната вредност на тој метал.

Иако зголемувањето на цените делумно би можело да се одрази на повисоките цени на градежните материјали и одредени индустриски производи, целокупниот ефект за Србија би можел да биде позитивен, со оглед на тоа што земјата е нето извозник на бакар. Затоа, колку е повисока цената на бакарот, толку е поголема добивката.

Слично

Поврзани вести