Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ИМА 240 ИЛЈАДИ ЕВРА? Се продаваат акциите на пропаднатата Еуростандард банка во „Реплек“

КОЈ ИМА 240 ИЛЈАДИ ЕВРА? Се продаваат акциите на пропаднатата Еуростандард банка во „Реплек“

Нова продажба на акции кои пропаднатата Еуростандард банка ги имала во можни домашни компании. Еднаш веќе беа понудени на продажба, но тогаш не се продадоа поради високата цена, па сега стечајниот управник преку членката на берзата Комерцијална банака на продажба повторно ги нуди акциите кои банката на Трифун Костовски ги имала во моќната фармацевтска компанија „Реплек“. Веќе е известено дека во четврток, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции ќе се понуди за продажба пакет од 160 обични акции издадени од Реплек АД Скопје што претставува 0,62 отсто од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 92.001, денар по акција преку моделот “се или ништо“. Ако се продадат по оваа цена купувачот ќе треба да искешира за нив околу 240 илјади евра.

Дали овојпат ќе му се посреќи на стечајниот управник ќе се види по 31 март, а тоа му успеа кога минататата недела ги продаваше акциите кои Еуростандард банка ги имаше во Централниот депозитар за хартии од вредност. На аукцијата се понудија на продажба 890 обични акции издадени од Централен Депозитар за хартии од вредност АД Скопје кои се 14,83 отсто од основната главнина на друштвото. Почетната продажна цена по акција беше 15.000 денари, а се продаваа преку моделот „на парче“. Според информациите на Фактор, поголемиот процент од акциите, односно пакет до 10 отсто купила Македонска берза, а останатиот помал дел го купил друг инвеститор.

Овие, но и акциите на Еуростандард банка во други моќни компании се нудеа во голем пакет акции и лани. Нешто се продаде тогаш, а остатокот се нуди на продажба сега. Во текот на август и септември минатата година се продадоа 276 акции на Еуростандард во Македонска берза. Иако акциите ги пикираше Загребска берза, а за чие преземање берзата од Загреб доби согласност да ги купи, на продажбата отидоа кај друг купувач. 

На тие аукции лани се продадоа акции на Еуростандард банка, од пакетот во Гранит. Стануваше збор за 8.152 акции. Постигната беше цена од 1.310 денари иако почетната цена беше 1.250 денари. Вкупната вредност на трансакацијата беше 10.679.120 денари.

Се продадоа и сите акции од КИБС кои инаку се продаваа на парче. Продадени се 632 акции по цена од 15.007 денари за вкупно 9.484.424 денари. 

За продажбата беа стокмени акции од други компании, но не поминаа. Се продава и 235 обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје по цена од 82.000 денари за една акција. Тоа е 0,21 проценти од друштвото. Во пакетот се нудеа и 160 обични акции од Реплек АД Скопје овие што сега се нудат на продажба, но тогаш почетната цена беше 105.000 денари по акција.

А.Т.

Слично

Поврзани вести