Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој им е помил на Бугарите, Русија или Европа?

Кој им е помил на Бугарите, Русија или Европа?

60% од Бугарите би ја одбрале ЕУ пред Русија. 

Според претседателот, Росен Плевнелиев „најсилното оружје на Европа се демократијата и правната држава"

„Најсилното оружје на Европа се демократијата и правната држава и тоа што имаме изградено еден простор во кој луѓето се слободни“ - изјави Плевнелиев пред германското издание Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Тој  коментира уште дека силата на Европската унија е во 500-те милиони граѓани кои знаат во која Европа тие и нивните деца би сакале да живеат. 

Според него има потреба од тесна интеграција „таму каде што приближување има смисла и е од корист".

Според него успешната формула на Унијата е сите да ги почитуваат правилата, бидејќи според него „е целосно неприфатливо однесување или поддршката за политика во која правилата не важат за силните, како и за прекројување на границите од позиција на сила".



Слично

Поврзани вести