Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој им должи најмногу на банките?

Кој им должи најмногу на банките?

2,4 милијарди е сумата која фирмите им ја должеле на банките минатата година, покажуваат анализите на Фактор.

Споредувајќи ги податоците, во 2016 задолженоста кон домашните банки на фирмите била 2,39 милијарди евра.

И во 2016 и во 2017 најголеми должници биле компаниите кои имаат дејност во трговија, транспорт и угостителство и токму тие минатата година  на банкарите им должеле вкупно една милијарда евра.

Зад овој сектор се компании кои работат во индустрија чиј долг кон банките изнесува 807 милиони евра а градежните компании должеле вкупно 285 милиони евра.

Последните податоци покажуваат дека  вкупниот долг на македонските компании се зголемил за дури 4,2 отсто и изнесувал 67,2 отсто од вкупниот македонски БДП.

Слично

Поврзани вести