Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој и зошто тужел обвинители од тимот на Јанева?

Кој и зошто тужел обвинители од тимот на Јанева?

Портпаролот на Јавното обвинителство на РМ Елизабета Недановска потврди дека физичко лице поднело во Скопското обвинителство една кривична пријава против тројца обвинители од Специјалното јавно обвинителство и против неколку непознати лица, за кривично дело малтретирање во вршење на должноста.

Специјалната обвинителка Катица Јанева не знае кој поднел кривични пријави во Обвинителството, против кои лица во Специјалното обвинителство и зошто се поднесени пријавите.

Истовремено од специјалното јавно обвинителство ги отфрлаат обвинувањата дека дел од нивниот тим малтретирале лица додека ја вршеле нивната служба.

"Ако некој тврди дека му е вршен притисок, тоа треба и да го докаже. Ако има докази за такво нешто, слободно нека ги приложи"- велат од специјалното обвинителство, од каде тврдат дека цело време постапуваат според законите и Уставот.

Од таму велат дека допрва ќе треба да се истражи дали се работи за лажно пријавување и кои биле мотивите со тоа на подносителот на пријавата.

Слично

Поврзани вести