Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој и зошто на листата почесни: Од Тито и Кристофер Хил до Мајка Тереза!

Кој и зошто на листата почесни: Од Тито и Кристофер Хил до Мајка Тереза!
За разлика од политичарите и хуманистите кои добиле посебен статус во Македонија, и кои доаѓаат од сите краишта на светот, македонските политичари не можат ни да се пофалат дека се почесни граѓани, а камоли во некоја светска метропола. Што имаат заедничко Мајка Тереза, Тито и Филип Вујановиќ? „Сум добила многу признанија во светот, ја добив и Нобеловата награда за мир, но признанието од моите сограѓани ми е посебно мило и ќе го чувам поблизу до срцето.“ Ова го изјави скопјанката Агнеза Гонџа Бојаџиу, која на 27 јуни 1980 година од тогашниот председател на Собранието на Скопје - Методи Антонов беше прогласена за почесен граѓанин на својот град. Мајка Тереза по заминувањето на родниот град на 18 години, Скопје го посетила вкупно четири пати - во 1970, 1978, 1980 и во 1986 година. Најпознатата скопјанка е единствената жена меѓу шеснаесетте почесни граѓани на главниот град. Кои се почесни граѓани на Скопје? 14159213_10209835361976705_66311343_nОсвен Мајка Тереза, одликувањето почесен граѓанин на Скопје, почнувајќи од 1921 година досега, го добиле политичари и дипломати за кои градската власт оценила дека направиле добри дела за градот. За прв почесен граѓанин на Скопје е прогласен д-р Иван Рибар (1881-1968) на вонредната свечена седница на Општинскиот одбор на 7 мај 1921 година. Иван Рибар бил претседател на уставотворното собрание на Кралството Југославија, учесник во НОБ од 1941 и претседател на I и II заседание на АВНОЈ. Во слободно Скопје за прв почесен граѓанин е прогласен Јосип Броз Тито, на 13 ноември 1946 година. Претседателот на тогашната СФРЈ, 16 пати го посетил Скопје. Првпат на 11 октомври 1945 и за последен пат на 5 октомври 1978 година. Прогласен е и за почесен член на МАНУ. Владислав Гомулка е прогласен за почесен граѓанин на Скопје во 1965 година. Тој е првиот секретар на Полската обединета работничка партија (ПОРП). Јозеф Циранкиевич, Претседател на полскиот Сејм (Министерскиот совет на Полска станал почесен граѓанин на Скопје 16 ноември 1965 година. Меѓу почесните во Скопје е и Олаф V, кралот на Норвешка, кој бил одликуван на 7 септември 1966 година. Тој е внук на англискиот крал Едвард VII и правнук на Кралицата Викторија. Титула има и У Тант, генерален секретар на ООН, кој ова признание го добил на 30 август 1970 година. Понатаму на листата е Френк Манинг, кој станал почесен скопјанец во 1983 година. Во неговата биографија на интернет страната на Град Скопје пишува дека е добротвор од Велика Британија. Тој во Скопје основал  своја фондација при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, од која секоја година се наградуваат најдобрите студенти. Во знак на благодарност за  активната заложба да и помага на нашата земја на дипломатскo, политичкo, економскo и културно пoлe, Советот на Град Скопје во 2005 година, го прогласи Умберто Ватани за почесен граѓанин. Умберто Ватани е роден во Скопје на 5-ти декември 1938 година како прво дете на тогашниот Конзул на италијанската амбасада во нашиот град. Почесен граѓанин е и Шарик Тара, роден во 1930 година во Скопје, како потомок на Паша Јиџит Бег, неговиот син Гази Ишак Бег и неговиот внук, Гази Иса Бег. Сите тие имале големо влијание во развојот на тогашно Скопје. Во Скопје сеуште постојат двете џамии што ги изградил Гази Исак Бег, а се паметат и џамиите изградени од Паша Јиџит Бег, како и дервишкото средно училиште, турските амами и аквадуктот изградени од двајцата споменати потомци. Признанието почесен граѓанин го доби и Кристофер Хил, првиот амбасадор на САД во Република Македонија од 1996 до 1999 година. Тој оваа одликување го добил поради исклучителна заслуга во развивањето и јакнењето на релациите и соработката помеѓу Македонија и САД. Во ова друштво е и Лоренс Иглбергер, познат како Лоренс од Македонија, заради неговиот придонес и помошта што ја има пружено на градот Скопје за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година.Во тој период тој работел во Амбасадата на САД во тогашната СФРЈ, како Втор Секретар за економски прашања. Како млад дипломат во тоа време, Иглбергер ја менаџирал и координирал големата американска помош за настраданите од земјотресот. Норвешкиот политичар Торвалд Столтенберг станал почесен граѓанин за исклучителни заслуги за помошта што му ја овозможил на градот Скопје после катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во тоа време, Столтенберг работел како Секретар во Норвешката амбасада во Белград, во бивша СФРЈ. После веста за земјотресот, утрото на 26 јули 1963 година, Столтенберг заедно со својот колега од Данската амбасада во Белград, веднаш заминал за Скопје. Столтенбер ја координирал целата хуманитарна акција на норвешкиот Црвен крст наменета за Скопје. Торвалд Столтенбер е татко на Јенс Столтенберг,  актуелен Генерален секретар на НАТО. Меѓу почесните е и Вериер Трини, координатор на долгогодишната соработка меѓу Скопје и Нирнберг во Германија, град со кој се збратимени веќе 3 децении.Трини има реализирано повеќе хуманитарни активности во чии рамки беше донирана најразлична хуманитарна помош за повеќе институции и објекти во Скопје. Ричард Неухеисел, политичар од Америка, го добил признанието од градските власти, како благодарност за збратимувањето на Скопје со градот Темпи во 1971 година. Тоа е прв американски град кој почнал да соработува со град од Источна Европа. 14218265_10209835361896703_1828152099_nОд пред четири години, во почесните влезе и Филип Вујановиќ, Претседател на Црна Гора. Советот на Град Скопје за Вујановиќ вели дека е голем пријател и почитувач на Македонија и на градот Скопје, современ политичар, голем државник, хуманист и промотор во градењето на соработката на Црна Гора и нашата држава. Тетово го има Стипе Месиќ, Охрид Ерван Фуере Почесното граѓанство е статус кој се доделува за постигнати заслуги во водењето политики што се од значење за целото човештво како човекови права, мир, соработка, демократија. Иако станува збор за формална почест, аналитичарите велат дека, сепак, таа има значење во развивањето на меѓусебните односи меѓу државите. 14218004_10209835362016706_1746578733_nПоранешниот евроамбасадор Ерван Фуере е почесен граѓанин на Охрид, поранешните албански претседатели Сали Бериша и Бамир Топи се почесни граѓани на Дебар, Стипе Месиќ во Тетово и Гостивар. Поранешниот хрватски претседател е почесен граѓанин и на Приштина и Подгорица. Зошто нашите политичари не се почесни граѓани? За разлика од политичарите и хуманистите кои добиле статус во Македонија, и кои доаѓаат од сите краишта на светот, македонските политичари не можат ни да се пофалат дека се почесни граѓани, а камоли во некоја светска метропола. Титула почесен граѓанин нема ниту првиот претседател на независна Македонија Kиро Глигоров, но и неговите наследници Борис Трајковски, Бранко Црвенковски. Посебни заслуги во странство не биле препознаени кај ниту еден македонски премиер, министер, пратеник, градоначалник. Почесен граѓанин нема ни меѓу лидерите на политичките партии. Единствениот „светол пример“ е нашиот Претседател Ѓорѓе Иванов, кој лани беше прогласен за почесен граѓанин на општината Пустец во Албанија. М.Ј.
Слично

Поврзани вести