Кој и зошто го повлече Законот за владино рекламирање на медиумите?
Вчера попладне до пратениците стигнало известување дека Владата го повлекува Законот за медиумски реклами, а токму за овој предлог требаше да се дискутира на денешната собраниска седница.
Порталот сакамдакажам.мк пренесе дека причина за оваа одлука на македонската Влада е многу остро писмо од Европската комисија упатено токму до Владата.
Основната забелешка на Брисел била дека дека владиното рекламирање би имало силно влијание врз медиумскиот пазар, во кој Владата и досега беше најголем огласувач.
Писмото за повлекување на Законот до спикерот Трајко Вељаноски го пратил вицепремиерот Никола Тодоров, без образложение зошто го бараат тоа a пред три дена на собраниска комисија министерката з аинформатичко општество Марта Томовска Арсовска го бранеше решението како еропско со кое ќе се стави ред во рекламирањето.
Опозицијата пак реагираше дека со ваков закон се легализира корупцијата во медиумите и најави дека ќе го оспори со 500 амандмани.
