Кој и зошто го организирал лажното труење во Гостивар?
Македонската јавност неколку дена живееше со дилемата кој и зошто ги затрул шеесетина лица од средното економско училиште во Гостивар. Токсиколошките анализи покажаа дека труење немало, никој не бил загрозен ниту од токсичен гас или друга хемиска супстанција.
Од тука за експертската јавност но и за граѓаните, се наметна нова дилема-кој лаже , кој ги користи и манипулира учениците и во какви цели?
Во земји каква што е Македонија, манипулацијата со ранливи групи на граѓани од страна на политичарите и партиите,за жал, е честа појава, смета аналитичарот Едмонд Адеми. Младите се една таква група врз чиј грб и во нивно име се прават разни манипулаци.
На целиот случај “лажно труење” во Гостивар, треба да се гледа со резерва, бидејќи и покрај резултатите од анализите тешко е да се утврди дали е фрлен или не некаков гас или хемиски отровна материја-смета професорката, Мирјана Малевска од Универзитетот на Југоисточна Европа. Ваквите случаи создаваат масовна хистерија во критични предизборни моменти. Поважно е што како општество реагираме само кога проблемите ќе настанат и тогаш се вклучува алармот. Каде се политичките партии порано? -прашува професорката Малевска.
“Иако за ова во Гостивар нема аргументирано политичка злоупотреба на младите и децата, сепак политичката сцена не е имуна на секаква можна злоупотреба на деца и младинци во разни кампањи и избори. Тоа освен што е предмет на законска санкција би требало да биде и предмет на анализа за загриженоста околу таквите појави, кои исто така непотребно ја политизираат младината која се уште нема право на глас.Политиката треба да обезбеди услови за ангажираноста на младите во разни сфери во општеството, да се сврти кон нив како кон иднина на земјата и нацијата, а не само да се појави кога треба да се слика за пројавениот таков интерес, заложба или проект кон младите”-смета аналитичарот Рамадани.
Масовна хистерија на лажење или масовна хистерија на труење?
Лажното труење на шеесетина лица во Гостивар, од кои 50 беа ученици, не е изолиран случај. Не така далечното минато памети уште неколку вакви обиди за лажно труење во Куманово и Тетово кои го свртеа вниманието на домашната и меѓународната јавност. Според универзитетскиот професор Владимир Пивоваров, на овој начин се злоупотребуваат децата во политички цели и за добивање на политички поени. Тоа е жалната вистина во Македонија. Тој смета дека според новите законски измени, јавниот обвинител е оној кој ја води целата истрага и затоа во интерес на сите, мора да се утврди мотивот и да се понесе одговорност, а ако некој не верува на доказите и анализите секогаш може да побара и меѓународна проверка која сигурно ќе ја изнесе вистината на виделина, кој кого лаже?
“Мора да има истрага бидејќи ова е сериозна работа, што правиме ако утре легнат 1000 ученици, во Скопје или Куманово, Битола. Ќе биде масовна хистерија на лажење или масовна хистерија на вистинско труење? Од камерите не е забележано влегување на страно лице од надвор. Тогаш како се раширил гасот? Ако не ги решиме во старт овие проблеми “го обравме бостанот”.Ова што се случува има своја историја. Во деведесетите јас бев началник во полицијата во Куманово и имавме масовно пријавување на труење во средните училишта. Тогаш беше симптоматично бидејќи ако во еден клас учат 30 деца од кои половина македонски, половина албански, се појави мистериозен гас кој ги труел само децата албанчиња. Ова е стара финта која ни тогаш не помина. Имаше силен притисок од меѓународна заеница, се испитуваа бактериолошки, токсиколошки, сите анализи на воздухот и никаде не се утврди ниту една бактерија, ниту еден проблем, меѓутоа некој сакаше да го злоупотреби моментот во корист на политиката. Се направија испитувања дури во Швајцарија кои покажаа дека нема ништо такво, туку само желба да се привлече вниманието на меѓународниот фактор, но тогаш ги стававме под тепих проблемите, па сега ги трпиме последиците”-вели универзитетскиот професор Владимир Пивоваров.
Политички фабрикувани проблеми!
Случајот Гостивар е видено сценарио и тоа неуспешно,бидејќи зголеменото ниво и степен на образование кај албанската младина во земјава не остава лесно отворен простор за манипулација. Протестите и вештачки создадената напната ситуација може да се добие само со манипулација кај помладата популација, но одамна помина времето кога со еден збор ќе креневте маса луѓе кои слепо ќе ве следат-оценува аналитичарот Владимир Божиновски. Тој додава дека веќе и Албанците научија кој и зошто ги сценира овие таканаречени проблеми.

“ Во вакво општество, какво што е нашето, каде политиката диктира се, манипулацијата стана силно средство за добивање политички поени, секогаш кога им треба. За среќа, јавноста во Македонија полека ги чита и препознава таквите манипулации, секој ден се повеќе, и станува свесна за игрите на разните политичари”-потенцира Адеми.Дел од аналитичарите се едногласни дека вината не е никогаш во децата, туку во политичарите. Тие треба да носат паметни политики во кои сите граѓани се еднакво важни. Безбедноста и стабилноста на целата држава зависи од перцепцијата на граѓаните кон политиката. Секој се социјализира со својата култура и јазик, но работата е како да се снајдеме во една заедничка рамка.
На целиот случај “лажно труење” во Гостивар, треба да се гледа со резерва, бидејќи и покрај резултатите од анализите тешко е да се утврди дали е фрлен или не некаков гас или хемиски отровна материја-смета професорката, Мирјана Малевска од Универзитетот на Југоисточна Европа. Ваквите случаи создаваат масовна хистерија во критични предизборни моменти. Поважно е што како општество реагираме само кога проблемите ќе настанат и тогаш се вклучува алармот. Каде се политичките партии порано? -прашува професорката Малевска.
“Жално е што не се реагира предвреме и се користат младите како експерименти. Се испраќа порака од политичарите до граѓаните дека поради надворешните притисоци сме принудени да живееме заедно во релативен мир. Ако во мултиетничка држава сте на власт имате одговорност не само кон својата заедница туку и кон другите, а не кога ќе се случат вакви настани да трчате по болници. Зборувам за двете страни. Јас предавам со години во мешани средини и има одлични деца-младинци идни интелектуалци, кои ја сакаат својата земја Македонија, се чувствуваат нејзини граѓани без разлика на етничката припадност. Мора да работиме на градење на доверба, добра воља и ширина на размислувањата бидејќи тоа е доблеста. И да не го заборавиме минатото-па зарем ништо не научивме од воениот конфликт во 2001-вата? “- вели професорката Мирјана Малевска.Политиката да се тргне од младите! Во случајот со Гостивар е индикативно задоцнувањето на одговорот од страна на институциите со која се даде можност во јавноста да се преплетат ред низа можни сценарија кои дополнително го нарушуваат јазот на довербата помеѓу граѓаните и институциите-смета аналитичарот Рамадан Рамадани.
“Иако за ова во Гостивар нема аргументирано политичка злоупотреба на младите и децата, сепак политичката сцена не е имуна на секаква можна злоупотреба на деца и младинци во разни кампањи и избори. Тоа освен што е предмет на законска санкција би требало да биде и предмет на анализа за загриженоста околу таквите појави, кои исто така непотребно ја политизираат младината која се уште нема право на глас.Политиката треба да обезбеди услови за ангажираноста на младите во разни сфери во општеството, да се сврти кон нив како кон иднина на земјата и нацијата, а не само да се појави кога треба да се слика за пројавениот таков интерес, заложба или проект кон младите”-смета аналитичарот Рамадани.
Масовна хистерија на лажење или масовна хистерија на труење?
Лажното труење на шеесетина лица во Гостивар, од кои 50 беа ученици, не е изолиран случај. Не така далечното минато памети уште неколку вакви обиди за лажно труење во Куманово и Тетово кои го свртеа вниманието на домашната и меѓународната јавност. Според универзитетскиот професор Владимир Пивоваров, на овој начин се злоупотребуваат децата во политички цели и за добивање на политички поени. Тоа е жалната вистина во Македонија. Тој смета дека според новите законски измени, јавниот обвинител е оној кој ја води целата истрага и затоа во интерес на сите, мора да се утврди мотивот и да се понесе одговорност, а ако некој не верува на доказите и анализите секогаш може да побара и меѓународна проверка која сигурно ќе ја изнесе вистината на виделина, кој кого лаже?
“Мора да има истрага бидејќи ова е сериозна работа, што правиме ако утре легнат 1000 ученици, во Скопје или Куманово, Битола. Ќе биде масовна хистерија на лажење или масовна хистерија на вистинско труење? Од камерите не е забележано влегување на страно лице од надвор. Тогаш како се раширил гасот? Ако не ги решиме во старт овие проблеми “го обравме бостанот”.Ова што се случува има своја историја. Во деведесетите јас бев началник во полицијата во Куманово и имавме масовно пријавување на труење во средните училишта. Тогаш беше симптоматично бидејќи ако во еден клас учат 30 деца од кои половина македонски, половина албански, се појави мистериозен гас кој ги труел само децата албанчиња. Ова е стара финта која ни тогаш не помина. Имаше силен притисок од меѓународна заеница, се испитуваа бактериолошки, токсиколошки, сите анализи на воздухот и никаде не се утврди ниту една бактерија, ниту еден проблем, меѓутоа некој сакаше да го злоупотреби моментот во корист на политиката. Се направија испитувања дури во Швајцарија кои покажаа дека нема ништо такво, туку само желба да се привлече вниманието на меѓународниот фактор, но тогаш ги стававме под тепих проблемите, па сега ги трпиме последиците”-вели универзитетскиот професор Владимир Пивоваров.
Политички фабрикувани проблеми!
Случајот Гостивар е видено сценарио и тоа неуспешно,бидејќи зголеменото ниво и степен на образование кај албанската младина во земјава не остава лесно отворен простор за манипулација. Протестите и вештачки создадената напната ситуација може да се добие само со манипулација кај помладата популација, но одамна помина времето кога со еден збор ќе креневте маса луѓе кои слепо ќе ве следат-оценува аналитичарот Владимир Божиновски. Тој додава дека веќе и Албанците научија кој и зошто ги сценира овие таканаречени проблеми.
“Може да почекаме уште неколку дена, да оставиме работите да излезат целосно на виделина, да се лоцира вистинскиот виновник, да им се остави простор на институциите до крај да ја изведат работата. Ова не му оди во корист на никого, можеби некој се надеваше на поголем публицитет, но луѓето веќе не “наседнуваат” така лесно. Етничките и националистичките пораки ја губат важноста и привлечната сила, бидејќи проѕирно е дека тепачките, труењата, исценираните инциденти се дел од политички претстави. Интересот кај сите македонски граѓани е свртен кон егзистенцијалните проблеми и економскиот опстанок на државата и поединецот. Јас честопати кажувам, наместо верски обележја и знамиња политичките елити да се фокусираат да донесат некоја сериозна економска инвестиција во овие градови кои ги прават мета на етнички фабрикувани проблеми” –вели аналитичарот Божиновски, од Правниот факултет Јустинијан Први.Играме театар! Според психологот и м-р по криминологија Милка Ололоска, младите честопати знаат да привлечат внимание, но кога за истото го ставаат во прашање и сопственото здравје, тогаш ја преминуваат границата. Најчесто сме навикнати вели Оловска, учениците и наставниците да ги гледаме како спротивставени табори во интерес на подобар образовен процес и стекнување знаења, но не и како заеднички сполотени во “ ризични авантури”.
“Младите се лесно подложни на сугестија, сакаат невообичаени активности и за да бидат центар на вниманието без подлабоко размислување влетуваат во авантури. Возрасните пак, кои секогаш имаат лични, а во денешно време не ретко и партиски интереси, ги користат децата да ја постигнат целта. На крајот, за жал, повторно децата се тие кои ги трпат последиците, бидејќи тие се сугестибилни со оглед на возраста и се во фаза на бунт, кога им се нуди нешто сервирано од возрасните или авторитети како на пример наставниците, тогаш реагираат брзо и непромислено. Во адолесцентниот период ниедна работа не ја доживуваат како трауматично искуство, туку како фаза “никој ништо не ни може”. Жално е што на сите врати “ѕвонат ѕвонци”-децата да не се злоупотребуваат во партиски или други цели, а со ваквите случаи го докажуваме спротивното” -вели психологот Милка Ололоска.Во овој случај, додава Ололоска, некој сака на овој начин да упати критики на актуелната власт дека не е моќна да воспостави контрола во училиштето, а всушност со тоа се губи самоконтролата. Среќна околност е што и покрај паниката која се крена во јавноста, не е загрозено здравјето на учениците,ниту на другите лица. Ваквите случки,според неа, само го зголемуваат револтот кај останатото население, бидејќи се чини дека во крајна линија не само што трпи целата заедница туку трпат најмногу оние кои ги почитуваат редот и прописите, некој си игра театар и со чувствата и со зрелоста на самите институции и општеството како целина, а за сметка и на продлабочување на етничкиот јаз. За тоа дали и кој ќе ја сноси одговорноста за случајот во Гостивар, последниот збор ќе го има јавното обвинителство и надлежниот обвинител Ахмед Ахмеди, кој сеуште работи на прибирање и разгледување на истражните материјали и анализите од Гостивар и Скопје. По Тетово и Куманово и овој македонски град ќе се запише во регистарот на лажни труења помеѓу средношколците чија причина и покрај предзнакот политичка и етничка можеби никогаш нема да биде докрај докажана и потврдена. Но, во секој случај Гостивар преку јавувањето за труење и преку европскиот шампион во карате, Берат Јакупи, во една недела стана место каде може да научиме многу за тоа како треба вистински да се однесуваат институциите кон младите. С.Б.
Слично