КОЈ И ПОМАГА: Нафтата врви кон максимум
Цените на нафтата продолжија да се движат околу триполгодишен максимум.
Новиот бран на американски санкции на Венцуела внесоа вознемирување од намалувањето на производството на нафта во таа земја, додека аналитичарите предвидуваат понатамошен пад на залихите во САД.
Нафтените фјчерси во Њујорк пораснаа за дури 0,7 отсто, откако американскиот претседател Доналд Трамп забрани купување на венецуелскиот долг после реизборот на Николас Мадуро на функцијата претседател.
Во меѓувреме, аналитичарите предвидуваат дека американските залихи ќе паднат и тоа трета недела по ред.
Американската „лесна“ нафта за испораки во јуни, чие договорање истекува денес, поскапе за 48 центи на 72,72 долари за барел на Њујоршката берза, што е највисоко ниво од ноември 2014 година, додека во Лондон се тргувала по цена од 72,55 долари.
