Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој и должи 300.000 евра на Регулаторна: Се подготвуваат тужби

Кој и должи 300.000 евра на Регулаторна: Се подготвуваат тужби

Опомени пред тужба ќе стасаат на адреса на стотина компании кои имаат долг кон Регулаторната комисија за енергетика. Комисијата веќе објави дека планира да ги извести фирмите должници дека ако не се раздолжат парите ќе ги бара преку нотар. Должници се енергетски компании и водни компании кои имаат лиценци издадени од Комисијата и имаат обврска да плаќаат годишен надомест за тоа. Сепак моментно 109 компании на РКЕ и должат над 300.000 евра. Претседателот на Регулаторна Марко Бислимовски потврди дека сите кои до задутре (12 април) нема да платат а е утврдено дека имаат долг ќе добијат опомена ирок до 20 април да се раздолжат. Во спротивно ќе ги тужи.

„Станува збор за 109 компании, тоа е кумулативна бројка а вкупниот долг е 300.000 евра. Од оваа сума најголем дел или 80 отсто е долг кој е за 2018 година, вели Бислимовски за Фактор.

Најголемата сума што се должи е некаде околу 4 милиони денари ( околу 65.000 евра). Долговите кои се под 2.000 денари нема да се отужуваат.

Комисијата се одлучила на ваков потег затоа што утврдила дека во евиденција има носители на лиценци за вршење на енергетски дејности и даватели на водни услуги кои не ги исполнуваат своите обврски за наплата на надоместок за вршење на дејноста.

Инаку РКЕ наплаќа годишен надоместок од енергетските компании коиимаат лиценца и од странските друштва коишто вршат енергетска дејност во Република Северна Македонија и посебен годишен надоместок утврден како процент на зафаќање од годишниот приход на давателите на водни услуги, остварен од давањето на водните услуги.

Процентот на зафаќање го утврдува Собранието, врз основа на кој се изготвуваат фактури за наплата на надоместок. Сега на тие кои не платилеим се заканува тужба.

A.T.

Слично

Поврзани вести