Кој и да победи, ќе има гратис паркирање за жителите на Центар!?
Идејата за бесплатниот паркинг во Општината ги загреа тензиите меѓу двајцата кандидати кои во втор круг ќе се тркаат за посакуваното столче во општина Центар. Откако денеска актуелниот градоначалник на општината Владимир Тодоровиќ излезе со најава дека од 1-ви април жителите на Центар ќе добијат паркирање без пари, неговиот противкандидат Андреј Жерновски тврди дека целиот план е препишан од неговата програма.
Жерновски потсети дека раководството на оваа општина пред првиот круг предложи спојување на двете паркинг-служби (на Град Скопје и на општина Центар), а сега ги менува плановите и дава бесплатно паркирање.
„Немањето простор за паркирање е најголем проблем со кој се соочуваат граѓаните на Центар. Со овој проблем не се соочуваат само граѓаните на оваа општина, туку и тие што имаат потреба приватно или деловно да дојдат во Центар и да најдат слободно паркинг-место. Засега е нејасно каде завршија парите кои се собираат од оние строги паркинг-зони. Јас, уште на првата седница на Советот, ќе предложам гратис паркинг за жителите на оваа општина, а потоа ќе пристапиме кон надградување и проширување на паркинг-местата“, рече Жерновски.
Тодорович пак заедно со директорката на ЈП Паркинзи на општина Центар Маргарита Бакев и директорот на ЈП Градски паркинг Борче Јакимовски ги повикаа жителите на Центар не само своето, туку да пријават и уште три возила на членови на семејството( кои не мора да бидат жители на општина Центар), за да им биде дозволено бесплатното паркирање.
Слично
