Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој голем акционер ќе бара отчет од менаџерите на „Гранит“?

Кој голем акционер ќе бара отчет од менаџерите на „Гранит“?

НЛБ Нов пензиски фонд, друштвото што управува со парите на идните пензионери, и е акционер во „Гранит“ ќе побара одговори од менаџерите на најголемата градежна компанија за купувањето акции во „Комерцијална банка“ за 7 милиони евра. Од НЛБ „Нов пензиски фонд“ информираат дека за одлуката на менаџерите на „Гранит“ да вложат 7 милиони евра во помалку од 5 отсто од акциите во „Комерцијална банка“ дознале одинформативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност откако биле склучени транскациите. И за тоа побарале средба со менаџментот.

Воедно уште еднаш сакаме да потенcираме дека изразуваме жалење заради техничкиот ненамерен лапсус заради кој претставниците на двете друштва навреме не ги добиле прашањата кои се однесуваат на одлуката на „Гранит“. Убедени сме дека ова нема во иднина да влијае врз нашата досега одлична соработка со „НЛБ Нов пензиски фонд“ и со „КБ Прво пензиско друштво“.

Сите одговори од НЛБ Нов пензиски фонд и од КБ Прво пензиско друштво може да ги прочитате интегрално.

-Дали како акционери во „Гранит“ бевте навремено запознаени со намерата на раководството да купи акции во „Комерцијална банка“ за 7 милиони евра?

Одговор: Информацијата за вложувањето од страна на Гранит АД Скопје во акции на Комерцијална банка АД Скопје ја добивме преку официјалниот сервис за ценовно чуствителни информации на Македонската берза, СЕИ нет, по склучените трансакции на Македонската берза.

-Дали ги знаете мотивите односно причините заради кои „Гранит“ вложи значаен износ на ливидни средства во акции?

Одговор: Во овој момент не ги знаеме мотивите позади оваа инвестиција. Со цел да ги дознаеме мотивите и останатите детали поврзани со оваа инвестиција, побаравме средба со управата на Гранит АД Скопје.

-Дали , како професионално друштво кое тргува со акции, цените дека цената на која „Гранит“ ги купи акциите е перспективна односно ниска?

Одговор: Со оглед на големината на фондовите со кои управуваме и значајноста на нашите инвестиции наспроти ликвидноста на компаниите котирани на Македонската берза, нашите ставови во однос на вреднувањето на одредени компании претставуваат ценовно чуствителна информација која може негативно да влијае врз нашите инвестициони активности, и од таа причина се воздржуваме од коментар по ова прашање. 

-Дали знаете од кои извори на финансирање се обезбедени средствата за купување акции?

Одговор: За сите детали околу оваа инвестиција очекуваме одговори на директната средба со управата на Гранит АД Скопје.

-Ако се од кредит дали ја одобрувате одлуката „Гранит“ да се задолжи за да купи акции во „Комерцијална банка“?

Одговор: Нашите ставови ги градиме само врз основ на факти а во овој момент немаме информација за начинот на финансирање на оваа инвестиција. 

-Дали воопшто го одобрувате овој деловен потег на менаџментот на „Гранит“?

Одговор: Одговорот на ова прашање ќе биде сличен со претходниот, а тоа е дека нашите ставови ги градиме само врз основ на факти. Очекуваме целосна транспарентност од страна на управата на Гранит по однос на ова прашање, а и по однос на други прашања од деловно работење на ова акционерско друштво. Важно е да се напомене дека согласно важечката законска регулатива, за оваа инвестиција, управата на издавачот Гранит нема законска обврска да бара согласност од сите акционери меѓу кои спаѓаат и фондовите со кои управуваме. 

-Дали тие пари можеа да се искористат на попродуктивен начин односно да се вложат во друг продукт или акција што ќе носи повисок принос?

Одговор: Повторно, без да ги знаеме сите детали не можеме да дадеме оценка за соодветноста на оваа инвестиција. 

Одговор од КБ Прво пензиско друштво

Во насока на транспарентно известување на јавноста би сакале да  информираме дека за текстовите кои во текот на вчерашниот ден (16.04.2018 година)беа објавени од страна на редакцијата на „Фактор“  под наслов "Онемеа ли од шок пензиските фондови –акционери во „Гранит“ и “Дали „пензионерите“ акционери во Гранит се согласија за огромниот влог во Комерцијална банка?” не беше претходно побаран коментар од КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје, односно прашањата беа добиени по објавувањето на текстовите. Истовремено, би сакале да ја информираме јавноста дека КБ Прво пензиско друштво АД Скопје во име и за сметка на пензиските фондови со кои управува креира Инвестициона стратегија со која се обезбедува сигурност, ликвидност и диверзификација на инвестираните средства. Друштвото на дневно ниво ги следи сите пазарни информации и резултати кои ги објавуваат компаниите во кои се инвестирани средства на фондовите и врз основа на нив подготвува анализи за истите. 

Друштвото како дел од своите редовни активности учествува на акционерските собранија на компаниите во кои се инвестирани средствата на фондовите и на истите се изјаснува на сите точки од дневниот ред. 

Одлуката за трансакцијата за која се однесуваат Вашите прашања е дел од деловната политика на компанијата и истата не била дел од дневен ред на разгледување на Собранието на акционери поради што во моментов не би можеле ништо дополнително да додадеме. Друштвото и понатаму ќе ги следи сите пазарни информации и по истите ќе постапува во најдобар интерес на членовите на фондовите со кои управува. 


Слично

Поврзани вести