Кој го злоупотребил Демов нудејќи му финансиски добра?
Вице Заев, брат на градоначалникот Зоран Заев, испрати отворено писмо, за да го заштити личниот углед и угледот на семејството. Станува збор за случајот во кој некои медиуми објавија изјава на струмичанецот Асен Демов, социјален случај, во која се обвинува градоначалникот за лош однос кон него. Вице Заев, вели дека вчера му се јавил Демов и дека во растроена состојба, страв и плачење, побарал да се видат.
- Сакаше да ја каже вистината за тоа, кој го натерал да зборува невистини за мојот брат. Со сопругата и синот, без уцени, пари и обезбедување, дојдоа кај мене за да ме убедат дека сето тоа е смислено од други лица“, вели во отвореното писмо Вице Заев.
Некои други луѓе, како што му кажал Демов на Заев, искористувајќи ја нивната тешка финансиска состојба им понудиле некакви добра за да излезат на телевизија и да го кажат тоа што го натерале. Вице Заев очекува надлежните да утврдат кои се тие други лица.
И Градоначалникот Зоран Заев, вчера демантираше дека имале било какви проблеми со Демов.
- Бевте сведоци на уште едно валкано сценарио организирано од режимот на власта против мене. Цела Македонија можеше да види до каде се подготвени да одат луѓето од ДПМНЕ. Асан Демов, е обичен, секојдневен граѓанин со сериозно болна сопруга. Му имам приватно помогнато безброј пати, оти му беше потребна помош, 50 пати е малку ако кажам дека е помогнато. Но, тој е еден од илјадниците на кои што имам помагано во годините наназад. И замислете, тие од власта се осмелија да прават приказна против мене, со човекот кој е еден од оние на кој му имам најмногу помогнато.
Асан Демов прво за некои медиуми изјави дека градоначалникот Зоран Заев лошо се однесувал со него и дека кога последниот пат бил кај него не сакал да ја отвори вратата. Демов потоа ја демантираше оваа изјава.
-Нека ми прости градоначалникот Зоран Заев, да не беше тој жена ми досега ќе умреше. Тој многупати досега ми помагаше за лекови и за сè друго, рече Демов.
Слично
