Кој го поскапи лебот во Македонија?
Само еден тип на леб е поскапен и тоа од страна на три скопски и една тетовска компанија, велат од Министероството за земјоделство, шумарство и водостопанство, додавајќи дека тоа е поединечна деловна одлука, а не стопански тренд во Македонија.
Станува збор за поскапување од 15 на 18 денари по парче, a од таму сметаат дека тоа се должи на поскапувањето на пченицата на берзата и порастот на цената на брашното.
Од таму велат дека најголемите мелничко-пекарски производители остануваат со истата цена на лебот и побараа да не се прават манипулации во јавноста.
„Доколку дојде до драстично зголемување на цените и на другите типови на леб, што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, МЗШВ веднаш ќе интервенира преку Агенцијата за стокови резери, којашто по жетвата направи јавна набавка од 13.000 тони пченица. На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот. Потсекторската група во рамки на МЗШВ веќе прави анализи, ја следи состојбата на пазарот и оваа недела ќе се одржи состанок со земјоделците производители на пченица и со мелничарите", стои во соопштението на министерството.
Слично
