Кој го доби бизнисот со националниот гасовод?
Во кумановското село Клечовце денеска почна изградбата на магистралниот гасовод делница Клечовце - Блок станица 5, дел од проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Македонија. Првиот дел од гасоводот во должина од 61 километар ќе го гради руската компанија Стројтрансгас“. Вредноста на инвестицијата изнесува 75,7 милиони долари, од кои 60 милиони произлегуваат од подмирувањето на клириншкиот долг.
Владиниот економски тим предводен од премиерот Никола Груевски, од кумановското село Клечовце свечено го означија стартот на изградбата на националниот гасовод. Првиот дел од гасоводот во должина од 61 киометар ќе чини 75,7 милиони долари, од кои 60 милиони евра се обезбедени со подмирување на клириншкиот долг. Изградбата е во раце на руската компанија „Стројтрансгас“.
Од опозициската СДСМ посочија дека со оглед на сумата што ја кажува владата, произлегува дека Македонија ќе го гради најскапиот гасовод во цела Европа.
„Предвидениот гасовод од 60 км е уште еден од низата проекти кои ќе доживее само да видат една лопата, многу помпа и здравци од скапи вина, а за него ќе се потрошат неверојатни 75 милиони долари. Тоа се 1.25 милиони долари по километар што е најскап гасовод во светот. Македонија плаќа убедливо најскап природен гас а од денес е рекордер и по најскап гасовод во цела Европа, посочија од СДСМ во партиското соопштение.
Дополнително, опозицијата побара одговори за тоа кои домашни фирми ќе добијат дел од овој скап колач.
„Дали е точно дека фирмите СГС Транспорт и Дени Шпедиција се вклучени во логистиката за доставување на цевките за изградбата овој прескап гасовод“, прашаа од СДСМ.
При тоа од партијата, дополниително реагираа и на тоа што во проектот не е вклучена Европската банка за обнова и развој, иако Владата ја најавувала во последните три години.
На реакцијата на СДСМ, се огласија од ВМРО-ДПМНЕ. Во писменото соопштение на ВМРО –ДПМНЕ, изостанаа одговорите за тоа кои домашни фирми се вкучени во бизнисот со изгрдбата на гасоводот и зошто Европската цбанка за обнова и развој не е вклучена, од вадејачката партија само потенцираа дека во време ккога СДСМ била на влсат изостанале проекти со кои може да се пофалат, па затоа сеа критикуваат се што прави ВМРО—ДПМНЕ.
„Дрскост е тоа што СДСМ, партијата која нема ниту еден проект зад себе, да ги критикува тие кои што градат во моментот и имаат оставено многу проекти зад себе.Во време на СДСМ не се градеа ниту гасоводи, ниту патишта, ниту железнички пруги или било каква друга инфраструктура. СДСМ ги држеше граѓаните во економско ропство, притоа избркаа 200.000 луѓе од работа, затворија стотици стопански капацитети во сите делови на Македонија, спроведоа криминална приватизација и им овозможија на своите олигарси да го приграбат општествениот капитал, додека стандардот на граѓаните стрмоглаво опаѓаше“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, од владејаката партија посочуваа дека не ги интересираат критиките од класични неработници, туку ги интересираат потребите на граѓаните. И додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и ќе продолжи да гради автопати, да гради локални и регионални патишта, да инвестираме во водоводи, канализации, во изградба и реконструкција на училишта, болници, градење на железнички пруги и изградба на гасоводната мрежа во државата и уште стотици други проекти за доброто на граѓаните и за Република Македонија.
За СДСМ, пак ова е само уште еден обид на власта да ја дефокусира јавноста од скандалите кои ги тресат Никола Груевски и неговите најблиски соработници со нова најава, камен темелник за изградба на гасовод. Но, опозицијата порачува дека вистината за Македонија ќе го покаже криминалот, ќе го покаже целото лошо лице и личните интереси на фамилијата која во изминативе 9 години Македонија ја направи енергетски најзависна држава во ЕУ, со над 60 проценти увоз на енергенси.
Целосна гасификација до 2022 година
Според најавите на Владата планирано е гасификацијата на градовите да почне следната година, а до 2022 година да има комплетна изградена гасоводна мрежа на целата територија на државата.
„Делницата во Клечовце е прва за изградба затоа што ќе овозможи натамошен продор и ширење на целата гасоводна мрежа низ државата. Според планираното ќе бидат поврзани сите поголеми места со што гасот ќе стане достапен насекаде низ државата. Следните делници кои планираме да се градат се од Штип до Кавадарци преку Прилеп до Битола и Охрид, од Штип до Радовиш-Струмица-Гевгелија се до границата со Грција, од Струмица преку Ново Село до границата со Бугарија, од Скопје-Тетово-Гостивар преку Кичево -Струга до Ќафасан и границата со Албанија, истакна премиерот Никола Груевски
Со изградбата на гасоводот, нагласи, Груевски Македонија добива пристап до стратешки ресурси поради што бенефитот е многукратен.
„Најважно од се е придобивката која ќе ја имаат граѓаните. Можноста да се користи гас во домаќинствата ќе значи помали сметки за струја и греење што директно ќе се одрази на буџетот на граѓаните. Придобивки ќе има и економијата. Употребата на поевтин енергенс ќе значи поголем профит на компаниите, поголема конкурентност на домашниот производ, подобри услови за водење бизнис, а тоа ќе допринесе и за нови работни места во државата“, истакна Груевски.
Трасата на новиот гасовод од Клечовце, според проектот, треба да биде приклучок на постојниот гасовод Крива Паланка - Скопје. Оттаму ќе се движи кон Свети Николе, кое ќе биде заобиколено, а предвидено е да има приклучно место за крак кон градот и кон Велес. Понатаму гасоводот ќе поминува во близина на индустриската зона во Штип. За останатиот дел од трасата до Неготино и Кавадарци треба да се обезбедат дополнителни финансии. Освен Штип, со гасовод треба да бидат поврзани и Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово и Гостивар. Предвидено е гасоводот да се поврзе и со термоелектраната .
С.Н.
Слично
