Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ги зема најниските плати кај нас?

Кој ги зема најниските плати кај нас?

Во јуни годинава во државата најниски нето мплати примале вработените во објекти за сместување, во туристичките агенции и кожарскиот сектор. 

Тие земале плати нешто над 15.000 или 16.000 денари. 

Ова може да се види од податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика. 

15.284 денари просчена нето плата примале вработените од кожарскиот сектор. 

16.549 примале работниците вработени во објекти за сместување, а 15.739 добивале вработените кои се занимаваат со подготовка на оброци и служење на храна. 

Вработените во туристичките агенции земале по 15.660, а во заштитно истражните дејности добивале по 16.167 денари нето. 

Просечна нето плата во јуни годинава изнесувала 26.867 денари, што во однос на истиот месец лани е зголемување за 6,6 отсто. 

Јунската плата се зголемила дури и во однос на претходниот месец, мај, за 1,8 отсто, може да се види од табелата на Државниот завод за статистика. 

Слично

Поврзани вести