Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ги плаши родителите, зошто избегнуваат вакцинација на децата!? Експерт наведува две причини и предупредува на епидемија

Кој ги плаши родителите, зошто избегнуваат вакцинација на децата!? Експерт наведува две причини и предупредува на епидемија

Неколку пати оваа година, експертите повикаа на потенцијална епидемија на морбили или сипаници поради падот на имунизацијата на децата.

Причината за тоа е, како што се објаснува се различни движења кои прикажуваат информации кои ги плашат родителите, но и други фактори кои секако влијаат на одлуките за имунизација на децата.

На оваа тема зборуваат д-р Саша Милиќевиќ, педијатар и проф. д-р Борислав Каменов, имунолог.

Милиќевиќ најпрво го спомна проблемот кој е се‘ поприсутен, а тоа е избегнувањето на вакцината МРП, во Нови Сад само четвртина од децата ја примиле оваа вакцина.

- Не е само овде, туку и во Европа, мора да признаеме дека корона вирусот се одрази на вакцината, иако статистиката и пред короната не беше поповолна. Родителите се исплашени поради идејата дека вакцините се поврзани со аутизмот. Сепак, постојано се прават истражувања, па доколку постоела поврзаност со аутизмот би била обелоденета. Таа вакцина е неопходна и безбедна - изјави Милиќевиќ.

После тоа Каменов објасни зошто сме скептични кон медицинските достигнувања кои, всушност, треба да не‘ спасат од болест.

- Нешто се случува, нешто се случува постојано, а особено тоа е поврзано со појавата на ковид, а поготово со вакцината што е за него. Не сум против вакцината, но се прашувам што можеме да направиме за да си го спасиме здравјето. Дури и за короната, што би можеле да правиме без вакцина? Детето ако треба да прима вакцина не треба да е со паднат имунитет,  не само да не е настинато. Вакцината, освен што создава специфичен имунитет за инфекција, го турка системот да реагира и на некакво оштетување на ткивото кое мора да се активира - рече Каменов, додавајќи:

- Кога некој е во лоша здравствена состојба, може да се појават несакани и неочекувани ефекти од вакцината и тогаш се дискредитираат вакцините. Мора да се грижиме и да направиме нешто ако детето не е здраво, јас секогаш го правам тоа кога ги вакцинирам децата. Имав дури и дојава, која секако е неточна, дека ја саботирам вакцинацијата, но всушност секогаш ги терав родителите да проверат дека детето е 100% здраво пред вакцинација.


Фото: unsplash

Извор: информер

Слично

Поврзани вести