Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ги манипулира и искористува граѓаните на Центар?!

Кој ги манипулира и искористува граѓаните на Центар?!

Градоначалникот Андреј Жерновски сака уште еднаш преку медиумите да ја запознае јавноста дека на дневен ред на седницата на советот воопшто не се наоѓа точка за стопирање на изградба на црквата Св. Константин и Елена и дека за жал граѓаните се изманипулирани и искористени, се вели во соопштението од општина Центар. Од општина Центар исто така велат дека седницата била закажана според законските процедури односно советниците од ВМРО ДПМНЕ преку СМС порака биле известени за нејзиното одржување. „Утрово сите советници добија СМС пораки со кои се известуваат за денешната седница. Службите од општината се обидоа да им врачат и писмени известувања за седницата, но советниците од ВМРО ДПМНЕ одбија да ги примат известувањата. Според ова воопшто не се работи за прекршување на правната процедура, туку седницата се закажува според сите нормативни решенија“, се вели во соопштението. Во однос на тоа зошто портите од општина Центар денеска се заклучени, од општината објаснуваат дека тоа е сторено поради безбедност на вработените и заштита на општинскиот имот на барање и предупредување од полицијата.

Пред да почне седницата на Советот на општина Центар дел од граѓаните успеаја да ја турнат оградата и полицискиот кордон и повторно се доближија до бараката и скршија неколку прозорци . Полицијата била принудена да употреби сила и пендраци за да ги спречи граѓаните да влезат во бараката и да воспостави ред пред општината, каде што се повредени две лица.

Откако граѓаните беа вратени зад оградата поставен е кордон од полициски специјалци околу општината. Тие се собраа пред општината да го изразат своето незадоволство од намерата на општинската власт да ја избрише од урбанистичкиот план црквата Свети Константин и Елена.

По брзата полициска интервенција демонстрантите биле оттурнати од бараката и вратени надвор од дворот на општината Центар. Советниците се повлекоа од салата, а советничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова изјави дека седницата била свикана по пат на СМС пораки „со цел да се изгласаат скандалозните точки“.

Слично

Поврзани вести