Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ги лаже мигрантите на Фејсбук: Лажна вест направи метеж на македонско-грчката граница

Кој ги лаже мигрантите на Фејсбук: Лажна вест направи метеж на македонско-грчката граница

Грчката полиција со солзавец реагираше на група мигранти кои се собраа недалеку од границата на Македонија, во надеж дека преку Балканот ќе дојдат до западна Европа. Метежот меѓу мигрантите се случил дека некои држави ќе ги отворат границите.

До судир на мигрантите и грчката полиција дошло бидејќи неколку стотици луѓе, преку полињата се обиделе да дојдат до македонската граница. Полицијата испалила солзавец, а се запалила и исушената трева на ливадата.

Над десетина мигранти пак организирале мирен протест на атинската станица Ларисис пречејќи на сите железнички услуги во надеж дека ќе бидат префрлени на грчката граница и ќе им се придружат на другите мигранти, чекајќи да оживее миграционата рута од 2016 година кон северна Европа.

Од друга страна Грција побара од неколку стотици мигранти и бегалци да се вратат во своите сместувачки капацитети или ќе бидат соочени со санкции.



Protothema

Слично

Поврзани вести