Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ги „кочи“ преговорите за излез од кризата?

Кој ги „кочи“ преговорите за излез од кризата?

Двете најголеми партии ВМРО - ДПМНЕ и СДСМ меѓу себе се обвинуваат за тоа кој ги „кочи“ преговорите за излез од кризата.

СДСМ е партијата која постојано го опструира Пржинскиот договор, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Има сериозно погрешна пресметка дека со пролонгирање на кризата во државата тие нешто ќе добијат. Нема да добијат. Со пролонгирање на кризата губи државата, губат граѓаните, ама губат и тие. Секој ден се повеќе и повеќе граѓани не се согласуваат со нивните политики, со нивните политики на деструкција, на блокади, на уништување на јавни добра, на продолжување на кризата“ - вели министерот за здравство, Никола Тодоров.

Доколку има политичка волја, може да се најде решение за политичката криза, сметаат од СДСМ.

Премиерот Емил Димитриев ги повика партиите да покажат конструктивност, затоа и Владата и граѓаните, и меѓународната заедница, очекуваат кризата да се реши.

Димитриев повторно го афирмира Акцискиот план за реформи во согласност со препораките од Извештајот на Прибе. Најави дека денеска се утврдуваат законите за Народен правобранител и за Владино рекламирање. Наредната недела ќе влезат во собраниска процедура, а Владата ќе продолжи со други закони според Акцискиот план. Овој план беше зацртан уште лани веднаш по Пржинските договори.

Слично

Поврзани вести