Кој ги избрка големите авикомпании?
Дали субвенционираните летови ги избркаа големите компании од Македонија. За само една недела си заминаа три големи авиокомпании, затоа што не можат да летаат исплатливо од и кон Македонија. Станува збор за авиокомпаниите „Свис ерлајнс“, „Алиталија“ и „Чех ерлајнс“
Нискобуџетната компанија „Визер“ која се субвенционира од Владата, најавува нови дестинации.
Значи ли ова дека може да се прогласи за неисплатлива владината инвестиција. Експертите се поделени, за едни мерката е добра зошто бенефитот го почувствуваа граѓаните, но за други проблемот настанува сега откако си заминуваат гигантите и прашање е кога пак ќе се вратат.
Како и да е, сменети се условите на авиопазарот во земјата.
Слично
