Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој екс-премиер ќе лапне 68.750 евра дивиденда на Нова година?

Кој екс-премиер ќе лапне 68.750 евра дивиденда на Нова година?

„Тетекс“ е македонска компанија – Дедо Мраз. На последниот ден годинава на сметките на сите акционери во „Тетекс“ ќе легнат по 80 денари нето дивиденда за секоја акција што ја поседува. Навистина ова е пример за квалитетен однос со акционерите и веројатно е заслуга на Глигорие Гоговски најголемиот акционер во „Тетекс“

Најпознатата македонска текстилна компанија , тетовскиот комбинат „Тетекс“ на Нова Година на сите свои акционери ќе има подели дивиденда во бруто износ од 600.000 евра. Ова е предлог одлука за која 17 декември ќе гласаат акционерите на „Тетекс“ и во која се предлага компанијата да исплати по 80 денари нето дивиденда на секоја акција и тоа да го направи на 31 декември годинава.

Најголем акционер на „Тетекс“ е Глигорие Гоговски долгогодишен прв човек на таа компанија кој долги години успешно го водеше „Тетекс“. Воедно Глигорие Гоговски е и искусен политичар и последен премиер на владата на Социјалистичка Република Македонија.

Гоговски во „Тетекс“ поседува 12,76 отсто од акциите односно околу 52.850 акции со право на глас и право на дивиденда. Според објавениот предлог за акционерско собрание Гоговски на Нова Година ќе добие 68.750 евра дивиденда од својата компанија.

Тетекс е пример за компанија која ги наградува со дивиденда своите акционери. Воедно во 25 годишната корпоративна историја на нашата земја е прва компанија која ќе подели дивиденда на своите акционери токму на денот кога завршува старата и доаѓа новата година односно на 31 декември.

Вкупно „Тетекс“ од добивката за 2012 година ќе подели над 665.000 евра дивиденда. Од тоа за државниот буџет ќе одат над 120.000 евра, а другите кај акционерите на „Тетекс“.

Од 2015 година до сега „Тетекс“ на секоја акција додели по околу 500 денари дивиденда во бруто износ.


Р.Ф.

Слично

Поврзани вести