Koj e втората најважна светска валута?
Еврото ја зајакна својата позиција како втора светска валута.
Меѓународната улога на европската валута умерено се зголеми во текот на изминатата година, што ја зајакна позицијата на еврото како втора најважна светска валута, со удел од околу 20 проценти во клучните индикатори за глобална употреба, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ)
Растот на улогата на еврото на глобалниот пазар е продолжение на постепениот тренд на пораст што се случува од 2014 година, а беше особено изразен во сегментот на меѓународно задолжување.
Издавањето на должнички хартии од вредност во евра се зголеми за околу 30 проценти во споредба со 2024 година и достигна највисоко ниво од воведувањето на заедничката валута.
Централните банки ги зголемуваат резервите на злато, додека поединечните земји развиваат алтернативни прекугранични системи за плаќање, што е поврзано со растечките геополитички поделби, според веб-страницата на ЕЦБ.
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, оцени дека има простор за зајакнување на глобалната улога на еврото, но со услов за зајакнување на економските, институционалните и геополитичките темели на Европската унија.
Во овој контекст, банката ја нагласува потребата од подлабоки и поликвидни пазари на капитал, како и напредок во создавањето на Унијата за штедење и инвестиции.
ЕУ треба да развие траен заеднички долг, така што еврото ќе има посилна глобална финансиска основа и голем, безбеден и ликвиден пазар на државни обврзници, вели ЕЦБ.
