Кој е виновен што младите се иселуваат?
И денеска жестока дебата во собраниските клупи.
Со меѓусебни обвинувања власта и опозицијата се караа кој е крив што младите се иселуваат од државата.
Опозицијата со прст кон власта и нејзините лоши политики во образованието, здравството, вработувањето. На ова владеачката гарнитура пак вели дека младите што се иселуваат е тренд ширум светот и дека најмногу млади сепак се иселиле во транзицискиот период и за време на приватизацијата.
И двете партии калкулираа со бројки.
Според СДСМ земјата годишно ја напуштаат 12.000 лица и тоа најобразовните и дека за време на овие години во кои вледее Груевски се иселиле 150 000 лица, додека од ВМРО велат дека трендот на иселување опаѓа и дека околу 5000 годишно се иселуваат.
Колку и да се караат пратениците кој е крив а кој не е факт е дека младите се повеќе гледаат да фатат „чаде“ од земјава. Реалноста е сурова и бројките се енормно големи.
Потребно е итно да се преземат мерки за егзодусот да запре и младите да живеет во земјата во која припаѓаат.
Двете големи полтички партии кои се на политичката сцена во земјава се сложија дека клучно прашање е како да се задржат младите и да се вратат оние што заминале.
