Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е вашиот ИДЕАЛЕН ПАРТНЕР за патување?

Кој е вашиот ИДЕАЛЕН ПАРТНЕР за патување?

Како се подготвувате за патување,  со кои хороскопски знаци никогаш не би требало да патувате?

Овен

Овенот можноста за патување ја користи за да покаже кој е најбрз возач. Тие се горди сопственици на спортски автомобили во кои некако успеваат да го соберат целото семејство, а на секој член им се дозволени работи до половина куфер. Овенот е возач кој редовно престигнува автомобили на полна линија, поминува на црвено светло, а кога ќе направи некаков сообраќаен прекршок, тогаш е гласен и се расправа како сите да се виновни освен тој/таа.

Идеален сопатник: Лав. Овните и Лавовите сакаат брзи автомобили кои привлекуваат внимание, па затоа единствено Лавот ќе биде горд што Овенот ги престигнал сите автомобили кои не биле ни свесни дека се тркаат.

Бик

Биковите не сакаат никаде да брзаат, па затоа полека се подготвуваат за на пат, што ги нервира останатите сопатници. Нив им се важни сигурноста и комфорот, па обично поседуваат големи автомобили, по можност караван во кој може да се спакуваат повеќе лежалки за на плажа, душеци, но и храна. Биковите се совесни возачи.

Идеален сопатник: Рак. Овие двајца хедонисти ќе го посетат секој ресторан на кој ќе наидат, а до дестинацијата ќе стигнат со задоцнување од два дена и пет килограми повеќе.

Близнаци

Близнаците се пакуваат пет минути пред тргнување на пат, па затоа редовно забораваат нешто. Немојте никогаш да им ги доверите клучевите, пасошот, билетите или други важни работи затоа што сигурно ќе ги заборават или загубат. На пат обично тргнуваат без лична карта или возачка дозвола. Близнаците се нервозни возачи и немаат мир во автомобилот, па често разговараат на телефон или преминуваат од една лента во друга.

Идеален сопатник: Водолија. Овие авантуристички личности ќе уживаат во динамичното патување, а по пат до нивната дестинација ќе запознаат голем број луѓе.

Рак

За Раковите, одењето на море е идеална прилика за да гледаат преубави пејзажи по пат. Ако ви се брза за на море, никогаш не патувајте со раковите, затоа што не е реткост тие да стигнат до дестинацијата после неколку дена од закажаното. Како возачи, тие се внимателни и бавни.

Идеален сопатник: Бик. Единствено, трпеливиот Бик нема да има проблеми со инсистирањето на Ракот да застануваат на секои пет километри. Ракот ќе се восхитува на пејзажот, а Бикот ќе ужива во рестораните.

Лав

Кога Лавот тргнува на пат, подготовките започнуваат неколку недели порано. Лавот оди на шопинг по најмодерната облека, накит и чевли. Вложува многу во изгледот, па често е горд сопственик на најубавиот автомобил на патот

Идеален сопатник: Вага. Овие два знаци сакаат да се прават важни, па заедно ќе уживаат во најелегантниот автомобил додека предизвикуваат завист кај другите возачи.

Девица

Девиците повеќето работи кои ги носат со себе се сведуваат на лекови и медицински помагала. Со себе носат и огромни количини на течности, здрава, но ни малку вкусна храна која ќе им даде доволно енергија за време на стресното патување. По пат се внимателни, но нивната нервоза ги прави несигурни возачи.

Идеален сопатник: Јарец. Тие се неверојатно внимателни, па ќе уживаат во обостраната потреба за безбедно стигнување до посаканото место.

Слично

Поврзани вести