Кој е толку голем што топи и вала за профит од милион евра месечно?
За првиот квартал профитот на „Макстил“ е прогнозиран да надмине 1 милион долари, а за последниот квартал годинава нето добивката ќе биде речиси милион долари на месечно ниво. Вкупниот приход од продажба на оваа челичарница годинава треба да надмине 122 милиони долари, а вкупното производство на челичарница и валавница надминува половина милион тони
Македонскиот челичарски гигант „Макстил“ годинава планира да произведе повеќе од половина милион тони челични производи од кои најголем дел се за увоз. Во финансискиот план на една од трите најголеми челичарски компании во Македонија менаџментот на „Макстил“ прогонозира да направи приходи вредни над 122 милиони долари. Овој официјален документ за работата на оваа скопска челичарница е достапен на информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вреднос на следниот линк SEI Net V2.
Менаџментот на оваа голема челичарска компанија предводен од жена, официјално објави дека своите акционери ќе ги зарадува со месечна нето добивка која се движи во маргина од 126.000 долари до 975.000 долари.
Според естимацијата на менаџментот на „Макстил“ најдобар месец за акционерите би бил јули кога добивката би била 975.000 долари, а најслаб е јануари со профит од 126.000 долари. Месечните нето профити на „Макстил“ треба да бидат поголеми во втората половина од годинава почнувајќи од јуни кога таа допре 900.000 долари, зенитот да го достигне следниот месец, а последниот квартал од 2023 година да го заврши со месечен профит од 968.000 долари.
Според прогнозата од Финансискиот план првиот квартал (за кој „Макстил“ наскоро ќе ги објави резултатите) треба да заврши со профит од 1,1 милиони евра.
Просечниот месечен приход од продажба на своите стоки (слабови) „Макстил“ ги прогнозира на над 10 милиони долари.
Вкупните трошоци на компанијата за годинава се естимирани на 114,5 милиони долари, а тие растат во втората половина на годинава и го следат растот на приходите од продажба што значи зголеменото производство.
Р.Ф.