Кој е тој што ги смета БиХ, Црна Гора и Косово само за привремени држави?
Косово пак ја напаѓа Србија поради добрите односи со Русија.
Косовскиот премиер Албин Курти тврди дека Србија ја игра улогата на Русија на Балканот. Курти во интервју за австрискиот дневен весник „Стандард“ кажа дека Србија е причина број еден за сите проблеми на Балканот, пишува „Кликс“.
„Таа ја гледа Република Српска на сличен начин како што Русија ја гледа својата соседна Белорусија, односно како регион под нејзина контрола“, вели Курти.
Според него, српската влада ги смета БиХ, Црна Гора и Косово за само привремени држави.
Инаку, Србија е една од ретките земји која не воведе санкции за Русија поради инвазијата на Украина. Но, Србија сепак и го поддржува територијалниот интегритет на Украина.
Српскиот претседател доби повеќе закани за кратко време.foto EPA/MILAN KAMMERMAYER
