КОЈ Е ТОЈ ФАЗОН ДА НЕ СЕ ИЗДРЖИ БЕЗ КУПУВАЊЕ: Најчевска за реакциите на граѓаните поради недела неработен ден
Навистина не ми е јасно кој е тој фазон што луѓето не можат да издржат еден ден без продавници. Кој е тој порив цело време да мора да се купува, прашува професорката Мирјана Најчевска. Вчера за прв пат се применија законските измени за недела неработен ден, па повеќето маркети, продавници, дуќани во моловите, па и угостителски објекти останаа затворени. Граѓаните реагираа на социјалните мрежи дека не можат никаде да купат нешто, освен на бензинските станици.
„Ништо попаметно не знаат да прават?
Немаат друга забава?
Не можат да испланираат за еден ден храна?
Кој е тој потрошувачки менталитет, напиша Најчевска на фејсбук.
Инаку за објектите каде ќе се работи, сопствениците треба да пријават во Инспекторатот за труд, а на вработените да им исплатат двојна дневница.
