Кој е Субрата Рој според индиските медиуми?
Десет работи кои треба да ги знаете за првиот човек на групацијата „Сахара“, бизнисменот Субрата Рој, објавува индиската телевизија НДТВ. Еве кои се фактите, што според нив треба да се знаат за инвеститорот кој сака да вложува и во Македонија:
1. Субрата Рој, претседателот на компанијата кој и самиот себе се опишува како „директор-работник“ на конгломератот „Сахара“, започнал со капитал од само 2.000 рупии (32 американски долари) кон крајот на 70-тите години, а успеал да изгради гигант, кој според компаниската интернет страница има имот од над 11 милијарди американски долари.
2. Целото име на компанијата е Сахара Индија Паривар. 65-годишниот Рој за себе вели дека е „чувар на најголемото семејство во светот“ и ја поддржува филозофијата на „колективен материјализам“.
3. Компанијата вели дека им помага на малите инвеститори надвор од банкарскиот систем и дека никогаш не ги изневерила.
4. Сахара значи поддршка, а Паривар - семејство на индиски јазик. Во седиштето на „Сахара“ во индискиот град Лакнау, персоналот ги поздравува посетителите ставајќи ја десната рака на градите и изговарајќи „Сахара Пранам“ („Поздрав од Сахара“)
5. Рој, кој најчесто е фотографиран облечен со црна вратоврска и елек над бела кошула, живее во близина во Сахара Шахер, голем затворен комплекс од ниски бели згради и тревници, каде што во негова организација секoja година се одржуваат масовни венчавки на 101 индиска двојка кои не можат да си ја дозволат церемонијата на друг начин.
6. Рој често се опишува како милијардер, но тој не е на листата на „Форбс“ на најбогати Индијци. На интернет страницата на „Сахара“ стои дека 34 години компанијата ниту еднаш не исплатила дивиденда.
7. Рој обично не се споменува во друштво на индиската бизнис елита, составена од семејствата Татас, Бирлас, Амбанис и други. „Ако ја погледнете реномираната бизнис заедница, се гледа дека тие го држат на дистанца“, коментираат индиските медиуми.
8. Наместо тоа, Рој најчесто се врзува со ѕвездите од Боливуд и, како и многу други тајкуни, се смета дека има добри политички врски.
9. Сахара го псоедува Плаза хотелот во Њујорк и лондонскиот Гросвенор Хаус. Групацијата го спонзорира индискиот тим во хокеј и поседува 42% во Формула1 тимот, Форс Индија. Сепак во земјата стана позната по спонзорството на националниот тим во крикет, кое заврши во декември 2013 година.
10. Критичарите велат дека инвестициските производи на Сахара се креирани за да се избегне контролата од финансиските регулатори и дека им недостига транспарентност на изворот и употребата на фондовите, продавајќи им производи на инвеститори кои не ги разбираат ризиците во кои влегуваат.
Врховниот суд на Индија вчера одлучи да го задржи во притвор Рој и двајца директори во неговите компании додека не презентираат прифатлив начин како ќе ги обесштетат илјадниците мали инвеститори, кои според обвинението ги измамиле за вкупно 4 милијарди долари. Единствено од затвор била поштедена единствената жена-директор во групацијата Вандана Баргава, на која судот и наредил да се координира со Рој и останатите двајца во притвор за да изработат конкретен предлог со кој ќе ги вратат парите.
Индискиот бизнисмен тврди дека не направил никаква измама и оти секако имал намера да ги исплати инвеститорите. „Тоа е една прекрасна човечка приказна. Ако ја разберете, ќе не сакате. Ќе ме потчукневте по рамото за да ми честитате“, рекол Рој пред судот.
Пред да влезе во судницата, разгневен адвокат, кој се претставил како еден од измамените инвеститори, го нападна Рој и го полеа со црно мастило нарекувајќи го „измамник“ и „крадец“.

Слично