Кој е Сириецот бомбаш од Ансбах и што правел во Бугарија?
Мохамад Д. добил азил во Бугарија во 2013 и останал во таму до август 2014. На 21 август 2014 Сириецот - бомбаш од Ансбах пристигнал во Германија од Бугарија и побарал азил, а во барањето изјавил: „Не сакам повеќе да насочувам оружје кон луѓе“, пишува Bild, повикувајќи се на доверливи информации од истрагата.
Речиси две години подоцна тој оствари терористички акт во германскиот град Ансбах, обидувајќи се да се самоубие меѓу 2500 гледачи на музички фестивал, откако претходно се заколнал во видео на верност кон „Исламска држава“ и лично кон старешината на џихадистите Абу Бакр- ал Багдади. Вчера, 25.07.2016 година, џихад новинска агенција Amaq објави: "Тој беше војник на „Исламска држава“.
Вчера, 25.07.2016 година, џихадистичката новинска агенција Амак објави: „Тој беше војник на „Исламска држава“. Сега истражните органи во Германија ги испитуваат документите со кои тој побарал азил, бидејќи постојат сомневања дека тие се лажни и тој бил испратен со мисија од џихад бандите во Сирија.
Особено истражителите ги анализираат рачно напишаните индикации од него за неговата студија на случај - живот, судбина, бегалец, предадени на имиграциските власти во Циндорф. Тој бил испрашуван во текот на неколку часа на 24 август 2014 во Цирндорф, округот Фирт во Баварија. Мохамед раскажал дека е од Алепо, од населбата Ансар ал-Шарки, кој е познат по тоа што е контролиран од бунтовниците, поддржани од западната коалиција на чело со САД и се борат против претседателот Башир Асад. Откако завршил гимназија учел една година право, а истовремено со тоа работел во фабриката за сапун, сопственост на неговиот татко. Куќата им била уништена од ракета, тој бил тешко повреден и неговиот татко средил да биде транспортиран и лекуван во Турција. Откако оздравел се вратил повторно во Сирија, а потоа се обидел да емигрира во Европа, но не успеал.
Од тој момент наводите му стануваат контроверзни, тврдејќи дека бил уапсен од провладините сили, ту дека бил во заробеништво на „Ал Каеда“. Причината била дека објавил на интернет видео снимки со антивладини демонстрации. На прашањето зошто сакал да емигрира, тој рекол:
„Се плашев за животот. Се плашам од смртта, страв ми е и од она на кои ме подложуваа. Не сакав да го насочам оружјето против луѓе. Се плашам да се вратам повторно во Сирија, бидејќи може да ме присилат да станам убиец“.
Покрај тоа Мохамед рекол дека нема зошто да се враќа во Сирија, бидејќи таму нема никого - сопруга и неговите деца се убиени и тој не сака да се враќа кон овој трагичен момент од својот живот. Од 2012 година не знае ништо за судбината на својот татко Јусеф (70) и неговата мајка камини (62). Блиски му рекле дека биле уапсени од страна на режимот на Асад, бидејќи учествувале во демонстрации против владата, но не се знае дали тоа е точно и дали воопшто се живи. На истражителите им оставил впечаток дека тој постојано се фали дека неговиот прекар е “Рамбо“.
Според неговото сведочење, тој го напуштил Алепо на 16 јули 2013 година и патувал со такси до Турција. Потоа се поврзал со посредници, на кои им платил за да го пренесат во Бугарија. Ја преминал бугарската граница во септември истата година и поднел барање за азил. Поради нелегално преминување на границата е уапсен и транспортиран до Софија, по што бил испратен во затвор . Додека бил во Бугарија не бил подложен на медицински преглед, не бил лекуван, иако е повреден и имал повреди во телото. Откако го пуштаат од притвор, живее осум месеци во стара напуштена и порутена зграда. На 17 април 2014 ја напушта Бугарија со лет од Софија до Виена OS 806 на „Austrian Airline“s, место 22A, а носел само еден куфер. Откако пристигнува австриските власти ги заплениле неговите документи, бидејќи имале сомнение дека се лажни. На 20 април побарал азил во Австрија, но не го дочекал одговорот и на 5 јули заедно со други бегалци користеле повторно транспорт на посредници, за да заминат за Минхен.
Откако поднел барање за бегалски статус и дозвола за престој тој добил одбивање на 2 декември 2014 година, бидејќи германските власти дознале дека тој веќе давал такви документи во Бугарија и Австрија и според важечките прописи треба да се врати таму каде што ја поднел првата апликација. Но пред тоа на 13 ноември обвинителството во Нирнберг по неговиот студија на случај и испраќа решение до Федералната служба за миграција, дека тој не може да биде екстрадиран, бидејќи има повреда на коленото и треба да биде лекуван. Обвинителството се повикува на медицинскиот заклучок на хирург од Ансбах и поради тоа тој не е екстрадиран, а оставен на лекување. За останувањето му се залага и пратеникот од Партијата на левицата Харалд Ваинберг кој се зафатил со случајот и ветил да му обезбеди апарати за лекување. На прашање на Bild, дали не жали за своето застапување за Сириецот - бомбаш Ваинберг одговара: „По сето она што го научив тогаш, денес би го направил истото“.
Во меѓувреме Сириецот ја обжалил одлуката за екстрадиција пред Уставниот суд. Но на 18 февруари 2015 Федералната служба за миграција и бегалци (BAMF) нареди тој да биде вратен во Бугарија. Причината е дека Сириецот правел два обиди за самоубиство. На 20 февруари таа диспозиција е откажана, а на 25 февруари миграциските власти повторно го обновуваат решението. На 13 јули на Мохамад Д. му е врачена конечна одлука дека тој ќе биде екстрадиран во рок од 30 дена, кои течат од денот на врачувањето на наредбата. Тогаш тој им рекол на своите соседи : „Тоа нема да се случи и јас ќе преземам нешто околу тоа“. Покрај тоа требало да покаже дека неслучајно прекарот му е "Рамбо". Вчера, 25.07.2016 година, стана јасно дека атентаторот од Ансбах пред тоа престојувал во Бугарија од крајот на 2013 година до средината на 2014 година. Тоа го соопшти главниот секретар на МВР комесар Георги Костов и претседателот на државната агенција за бегалците Петја Парванова.
27-годишниот Сириец Мохамад, кој се разнесе во ноќта спроти понеделникот во баварскиот град Ансбах близу до сцената на музички фестивал и рани 12 лица, добил азил во Бугарија во декември 2013 година.
Засегнатото лице престојувало на територијата на земјата од крајот на 2013 година до средината на 2014 година. Последните две години не живее на нивна територија, прецизира главниот комесар на МВР. Сириецот бил препознаен благодарение на банката со отпечатоци „Eurodac“, во која се чуваат податоците за бегалци и мигранти од земји од третиот свет кои бараат азил во ЕУ. Овие податоци помагаат на полицијата и на властите да го следат патот на секој бегалец и да не се дозволи ист човек да се регистрира на многу места и да бара азил во различни земји.
Претседателот на државната агенција за бегалците Петја Парванова рече дека лицето е регистрирано есента 2013 година, подне е барање за заштита а во декември 2013 година добива хуманитарен статус, кој му дава право да се движи на територијата на Бугарија и Европската унија.
Во септември 2014 година во Агенцијата се добива барање од СРГ, дека такво лице кај нив исто доставило барање за заштита и тие сакаат по постапката на Дъблинската регулатива да го вратат назад во земјата. Ние сепак ги информираме дека лицето веќе има обезбеден статус и соодветно веќе не спаѓа во категориите лица кои подлежат на враќање на регулативата од Даблин. По што нема упатено друго или кореспонденција во агенцијата за бегалци, објаснува уште Петја Парванова.
