Кој е овој фраер, директор на државна фирма и не ја крие платата?
Шеваљ Цеку е директор на АД за стопанисување со деловен простор и зема месечна плата од 70.000 денари. И тоа е објавено во годишниот извештај за работата на тоа големи државно претпријатие чија дејност е да издава деловен простор. И да, неговата годишна нето плата е за 40% поголема од збирот на годишните паушали на сите петмина членови на Одборот на директори... Да се знае
Многу е голема веројатноста дека ако некои граѓански активнисти, организирани во невладина организација, прават истражување на транспарентноста на државните фирми Шеваљ Цеку би добил награда за најтранспарентен директор. Зошто? Па затоа што е единствен од сите директори на државни акционерски друштва кој самоиницијативно ја објави својата плата за местото извршен директор во АД за стопанисување со деловен простор. Тоа е најголемата фирма во државата, која патем речено е државна, која издава или продава државен деловен простор (или барем тоа што низ децениите од осамостојувањето остана од државниот деловен простор н.з.).
Во годишниот извештај за работењето на ова акционерско друштво е објавена и платата на сите членови на Одборот на директори и извршниот директор. Шеваљ Цеку е извршен директор на тоа претпријатие и неговата месечна плата е 70.000 денари (односно 1.140 евра) во нето износ. Вкупно во 2021 година ова јавно претпријатие му исплатило на извршниот директор 840.852 денари (13.700 евра) нето плата.
Вкупниот износ на исплати на другите неизвршни членови на Одборот на директори (петмина на број) изнесува 502.956 денари. Тоа значи дека Шеваљ Цеку сам земал 40% повеќе пари од вкупниот износот што за сите други го исплатило друштвото. Повеќе детали се достапни на следниот линк https://mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/%D0%90%D0%94%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0.%20%D1%81%D0%BE%20%D0%B4%D0%B5%D0%BB.%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%81.%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%D0%BF%D1%81%D1%82.%20-%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5%20-%20Godisen%20izvestaj%20za%20rabotata%202021_20221214093413.pdf
Во прилог на работењето на ова државно претпријатие вреди да се знае дека токму тоа друштво е единствениот акционер во ГТЦ Скопје.
Во однос на работењето на Цеку вреди да се знае дека АД за стопанисување со деловен простор лани од закуп остварило приход вреден речиси еден милион евра. Вкупниот приход на друштвото е 1,34 милиони евра.
На страната на расходите најголема ставка се трошоците за вработени. За 75 вработени лица друштвото издвоило 724.000 евра што е 56% од сите трошоци.
Ова државно акционерско друштво ланската година ја завршило со добивка од 50.000 евра.
Р.Ф.