Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е новиот заменик-амбасадор на САД во Македонија?

Кој е новиот заменик-амбасадор на САД во Македонија?

Микаела Швајцар Блум, ќе биде новиот заменик-амбасадор на САД во Македонија.

Се очекува наскоро да пристигне во Скопје. Таа во земјава доаѓа директно од Вашингтон. Во нејзината дипломатска кариера се вбројуваат повеќегодишна служба во Стејт Департментот и учество во неколку мисии.

Освен во Европа и во САД таа работела и во Генералниот конзулат на САД во Ерусалим, каде била портпарол и тесно соработувала со тогашната администрација на Секретарот Клинтон, особено по прашањата за Израелско-Палестинскиот конфликт.

Исуството на Швајцар-Блум со балканот е поврзано со Хрватска, каде три години била прв секретар и советник за економска соработка.

Во досегашните билатерални односи со Македонија, ова е трет случај жена да биде именувана за втор човек на мисијата на САД во нашата држава.

Швајцар-Блум е мажена и е мајка на три деца.

Слично

Поврзани вести