Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ Е НАВИВАЧОТ КОЈ Е ПРИМЕН ГОЛ, БОС И СО ПОВРЕДИ ВО УРГЕНТЕН ЦЕНТАР - демолирал кафуле и уништувал инвентар, еве што одруго се знае

КОЈ Е НАВИВАЧОТ КОЈ Е ПРИМЕН ГОЛ, БОС И СО ПОВРЕДИ ВО УРГЕНТЕН ЦЕНТАР - демолирал кафуле и уништувал инвентар, еве што одруго се знае

Борис Карапанџиќ, еден од обвинетите членови на кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кој деновиве се брани од слобода, рано утринава е примен во Ургентниот центар во Белград, со бројни повреди по телото. Околностите на споменатиот случај не се познати, а Карапанџиќ од претходно и беше познат на јавноста како навивач на Партизан, кој зад себе има долго досие.

Според пишувањата на медиумите, Карапанџиќ бил донесен во болница гол и бос, без документи и дезориентиран. Констатирани му се полесни повреди, но се уште не се знае што се случило и како ги добил.

Инаку, за Карапанџиќ се пишуваше пред неколку недели, кога беше претепан.

Порталот Нова.рс претходно пишуваше дека Карапанџиќ бил претепан на 12 ноември во вечерните часови, не долго откако бил пуштен од притвор во постапката против криминалната група Беливук-Миљковиќ.

Неговото име се појави на колоните на црната хроника повеќе од еднаш. Тој беше поврзан со криминални активности, а досега беше осуден за дрога, оружје и демолирање клубови.

Во навивачкиот свет е познат и по прекарот Карапанџа. Тој е осуден за инцидент во кафулето „Холивуд“, кое било во сопственост на друг навивач на Партизан и предводник на „Алкатраз“, Александар Вавиќ, во декември 2013 година.

Поради насилничкото однесување во „Холивуд“ е осуден на три години затвор. Судот ги спои неговите претходни казни за трговија со дрога и оружје, и тој на крајот беше осуден на единствена казна од четири години затвор.

Неколку години подоцна, поточно во 2018 година, Карапанџиќ и десет други момци го демолираа белградскиот ноќен клуб „Комитет“ во Бетон хол. Кобната вечер маскирани хулигани упаднале во споменатата кафеана и го уништиле инвентарот. 

Ова не е единствениот пат кога Карапанџиќ се најде во очите на јавноста.

За време на неговиот престој во домашен притвор, поради насилничкото однесување во „Холивуд“, при што за време на притворот имал наногица, учествувал во сообраќајна несреќа во која усмртил пешак, дедо (88) кој го претрчувал автопатот. во Белград. За тоа не бил кривично гонет, бидејќи било утврдено дека пешакот ја предизвикал несреќата.

Нова.рс

Слично

Поврзани вести